Триесет и четиригодишна студентка од САД е пронајдена мртва во близина на рускиот град Нижни Новгород, источно од Москва. Едно лице е уапсено.

Кетрин Серу (34) исчезнала откако влегла во неидентификуван автомобил во Нижни Новгород, пишува „Би-Би-Си“.

Полицијата накратко извести дека уапсениот има долго досие со тешки кривични дела.

Пред да исчезне, Кетрин ѝ испратила порака на нејзината мајка во Мисисипи: „Јас сум во автомобил со странец. Се надевам дека не ме киднапираа“.

Серу била поранешен маринец. По завршувањето на турнејата во Авганистан се преселила во Русија во 2019 година за да продолжи со магистерските по право на Државниот универзитет Лобачевски во Нижни Новгород.

Нејзината мајка изјавила дека Серу пред да ѝ испрати порака брзала да се врати во болница каде што требало да изврши уплата за некоја услуга, а најверојатно стопирала за да не чека чека такси или „убер“.

Руската полиција го барала нејзиното тело во пошумено подрачје надвор од градот, каде што последен пат бил снимен нејзиниот телефонски сигнал. Американската амбасада во Москва соопшти дека ја следи истрагата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.