Како да заспиете бебе? Остин Мајлс Гетер од Далас, објави видео од неговиот ефикасен метод за заспивање на својата ќерка за една минута.

Додека се ниша на стол со малата Чарли во раце, Остин вели дека се уште е вознемирена од промената на позицијата. Потоа тој почнува нежно да и ги масира веѓите, а малото девојче заспива за неколку секунди.

Откако видеото се појави на Фејсбук на 26 август, родителите веднаш го побараа неговиот профил за да ја откријат тајната, а објавата собра шест милиони прегледи.

Малечката е симпатична. Го испробав ова на моите три сина и сите спијат – пишува една жена.

 

Го испробав ова на најмладото дете, таа исто така сака галење по носот – додава друг.

 

Како не го знаев ова пред 17 години – се жали трет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.