Секој што е постар од 16 години може да биде казнет со 2.500 фунти поради плачење во сопствениот дом, е едно од правилата воведени додека Тереза Меј беше државна секретарка.

Според овие правила, кои, наводно, имаат за цел да го заштитат квалитетот на живеењето, луѓето кои се фатени дека плачат во сопствениот дом ќе платат неверојатно голема казна, пишува „Мирор“, додавајќи дека овие правила се однесуваат и на поместување на мебел и тропање во ѕид.

Ако вашите соседи ве пријават за овие дела, казните за прекршок се движат од 113 до 2.800 евра.

Казната може да биде издадена од локалните власти, полициските службеници и од добротворните фондови за домување или станбените фондови назначени од локалната власт во нивната област.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.