Јавноста ја запозна скопјанката Агнеса Органџиева откако таа го остави својот сопруг Роберт Орданоски, инаку бивш долгогодишен директор на АЕК, а тој изреволтиран објавуваше статуси во знак на револт кон сопругата. Сепак како што кажаа и двајцата, тој тоа го правел бидејќи бил повреден. Сега ситуацијата е под контрола, децата и припаднаа на Агнеса, а Роберт ги гледа кога ќе посака.
Неодамна Агнеса си ја отвори душата пред објективот на естрадниот магазин Бекстејџ па ја раскажа својата страна од приказната.

За скандалот со колешката од ПУИК, каде наводно имало тепачка, Агнеса изјави дека тие двете не се степале туку само се подбутнале, бидејќи често имале конфликт поради нивната голема разлика во годините и различните ставови.

На прашањето пак дали е спонзоруша бидејќи е секогаш „скоцкана“ од глава до пети и живее на „висока нога“, Агнеса образложува дека има многу компензации и спонзори преку социјалната мрежа Инстаграм, а во врска со сопругот апсолутно тврди дека не е спонзоруша, бидејќи да била немало да опстане тој брак цели 18 години.

Се омажив од љубов, да било за пари немаше да трае 18 години – вели Агнеса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.