Докторите во Индија хируршки отстранија топка од влакна тешка 6.8 килограми од стомакот на 17-годишната Кумари, која пред една недела беше хоспитализирана поради силни болки во стомакот.

Утврдено е дека страдала од таканаречениот Рапанзел синдром, состојба во која личноста компулсивно ја јаде својата коса или телесни влакна.

Кумари ја јадела својата коса со години. Насобраните влакна во стомакот на девојката предизвикале гадење, подуеност, силна болка и повраќање.

Таа ќе остане во болница додека да закрепне, а се очекува потоа да добие професионална психолошка помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.