Американка од Северна Каролина која пред неколку дена пред својата венчавка во 2018 година освоила 50.000 долари на лотарија, повторно имала добитно ливче и тоа на годишнина од бракот.

Џенија Харел од Венсбороу рекла дека во октомври 2018 година, неспоредно пред венчавката играла игра на среќа и освоила награда, а дека имала “среќна рака” и една година подоцна докажува моментот кога освоила нови 5.000 долари на друга лотарија.

Тоа е лудо. Тоа е неверојатно. Не мислев дека ќе се повтори”, рекла Харел.

Таа навела дека проверила 4 пати пред да им поверува на сопствените очи дека повторно освоила добивка на лотарија, пренесува “Хина”.

Со првата добивка го платила брачното патување, а со новите пари планира да финансира “нешто посебно” за Божиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.