Звучи како да е дело на Балканец, но всушност станува збор за рудар од Италија по име Карло Кани. Тој уште во 1980-тата година, заминал на боледување и никогаш не се вратил на работа. Од што пател? Наводно, клаустрофобија.

Во 2006-тата заминал директно во пензија, исполнувајќи ги сите услови поставени од италијанската држава. Да биде уште позабавно, пред да земе боледување, тој во рудникот работел само неколку дена, по што пошол на доктор да се пожали колку му е тешко.

Рударството никогаш не ми се допаѓаше. Признавам, дојдов до пензија без да работам никогаш ништо. Секогаш правев што можев само да не би одел во јама. Во тоа ми помагаа многу лекари, изјави Карло Кани.

Карло во текот на 35 години користел разни изговори како би го продолжил боледувањето, од почетната клаустрофобија, преку хемороиди, амнезија, а кога би му снемало болест, ги чешал очите со прашина од јаглен како би изгледал болно.

Главно останував дома и слушав џез. Многу ја сакам таа музика. Сепак во последните неколку години уживав сам седејќи во фотелја и не работејќи ништо, раскажува Карло.

Медиумите во Италија едвај го дочекаа овој случај, како би укажале на многу дупки во законот за работни односи, кои Италијанците многу радо ги користат, за да се „закачат“ на државниот буџет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.