Ученик од Загреб завршил во болница откако за време на прославата на последниот ден на учебната година испил литар водка.

Момчето (14) било пренесено во болница во многу сериозна состојба. Покрај него, уште пет други деца биле примени во болница поради алкохолна интоксикација, објави „Индекс.хр“.

Вкупно беа примени шест деца со интоксикација со етил алкохол. Сите се добро, четири се отпуштени. Последните двајца пациенти се отпуштени попладнево – соопшти директорот на болницата, Горан Роиќ, додавајќи дека токсиколошките наоди на дрога кај малолетници биле негативни.

Инаку, стотици малолетници деновиве во бројни паркови во Загреб ги слават последните денови на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.