Состојбата по избувнувањето на пожар на регионалната депонија Русино, близу Гостивар од утрово е стабилна. Локалните власти велат дека огнот е изгаснат, но непријатна миризба сé уште се чувствува на повеќе места низ градот. Пожарот на депонијата се појави во саботата наутро и предизвика реакции на граѓаните кои се жалеа на чадот и лошата миризба и стравуваа од еколошка катастрофа. Речиси 24 часа по реакциите на надлежните служби, огнот беше локализиран и ставен под контрола, но заради временските услови постои ризик од повоторно палење на отпадот.

Пожарот од вчера е изгаснат со ангжамнот на повеќе приватни фирми и наши екипи. Состојбата засега е стабилизирана, но од одредени жаришта се појавува чад. Наши екипи се на самото местосо неколку машини кои би реагиралеведнаш,заради ризикот од повторна појава на пожар, топлото време и временските услови кои владеаттаму и ќе останат, велат од ЈП Комуналец.

За спрaвување со пожарот Дирекцијата за заштита и спасување ангажираше градежни машини како поддршка на ТППЕ Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар. Екипа од подрачното одделение на ДСЗ Дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучија во справувањето со огнената стихија и денес се на самото место и следат состојбата.

Гостиварските еколози, пожарот го оценија огромна еколошка катастрофа по животната средина и здравјето на луѓето.

Односот на одговорните е неприфатлив, бидејќи никој не излезе со официјален став и препораки да им каже на граќаните што да правати како да се заштитатод штетнитегасовина кои беа изложени, наведуваат од здружението „Гв Еко“ и побараа конечно да се уреди оваа депонија и да се спречи загадувањето на околината.

Причините за појавата на пожар на регионалната депонија Русино не се познати, но се претпоставува дека дошло до самозапалување предизвикано од топлото време. Брзата реакција на пожарникарите во саботата наутро беше попречена заради изведувањето на градежни работи и реконструкција на патот што води до депонијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.