Француските возачи го делат првото место со грчките колеги во неславниот рекорд по тоа колку се лутат додека се зад воланот. Дури 70 отсто од нив признаваат дека се такви, покажува истражување за навиките на возачите во Европа. Во Шведска тоа го прават 34 отсто од возачите, пренесува бриселскиот портал Политико.

Во истражувањето учествувале возачи од 11 европски држави: Франција, Грција, Германија, Белгија, Шпанија, Велика Британија, Италија, Шведска, Полска, Холандија и Словачка.

Една петина од француските возачи навеле дека „не се истите кога се зад воланот“, но само шест проценти изјавиле дека себе си се доживуваат за агресивни додека возат, покажува истражувањето на институтот „Испос“, на барање на патниот оператор „Винчи Ауторутс“.

Истражувањето наведува и дека 88 отсто од возачите низ Европа признаваат дека забораваат на ограничувањето на брзината, а дури 92 отсто од Швеѓаните велат дека тоа го прават.

ЕУ неодамна соопшти дека околу 22.800 луѓе, од земјте од унијата, загинале во сообраќајни незгоди во 2019-та година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.