Контроверзниот српски политичар Чедомир Јовановиќ се огласи преку твитер од Инфективната клиника во Белград каде неколку денови се лекува од коронавирус.

Уморен сум, го прекинавме ширењето на пневмонија за време на викендот, кислородот ме спаси и сè уште ми е неопходен за да ги одморам белите дробови колку што е можно, кои се борат со вирусот. Полека ја намалуваме температурата и го смируваме крвниот притисок, напиша Јовановиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.