Експертите за астрологија тврдат дека жените родени во овие знаци имаат нешто посебно и дека им е судено да живеат долг и хармоничен живот, пишува Луфтика.

Шкорпија

Жените Шкорпија се карактеризираат со необична мудрост, многу се харизматични и ги краси посебна енергија. Романтичната врска со Шкорпија е експлозија на страст и интелигенција. Таа зрачи со сексапил, има моќно држење и секогаш знае што сака. Со својата енергија ги плени сите околу себе, сите светла на сцената се насочени кон нив и секогаш знаат да го добијат тоа што го сакаат. Тие се нежни и романтични, но не секој ја има таа привилегија да ја запознае нивната страна. Нивната безрезервна љубов ќе ѝ припадне само на личноста која навистина ја заслужила.

Ним им треба некој на кого ќе можат да му се отворат и кој ќе стане дел од нивната личност, а притоа ќе го задржи сопственото „јас“. Кога ќе најдат ваква личност, Скорпиите стануваат бескрајно среќни и самоуверено се движат во светла иднина.

Стрелец

Жената Стрелец е мачка која оди сама и најмногу се грижи за слободата и независноста. Таа е одговорна само за себе, за своите постапки и за своите потреби. Не е особено склона кон флерт, па тешко и е да влезе во сериозна врска. За да го освоите нејзиното срце, мора да го прифатите нејзиниот инстинкт за слобода и мора да бидете ослободени од секаква љубомора и посесивност. Ја обожава својата слобода, ужива во патувањата, авантурите и промените. Тој што ќе успее да се справи со сите овие квалитети, ќе сфати дека покрај себе има нешто најскапоцено на светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.