ОВЕН

Работа: Очекувајте важен разговор. Денеска ќе ви биде ден за пресврти промени.

Љубов: Очекувајте помирување со партнерот. Вашиот однос во иднина може значајно да напредува.

Здравје: Болки во грбот.

БИК

Работа: Надевајте се на почнување на проект кој во голема мера ќе ви биде значаен за напредокот во работата.

Љубов: Ви се допаѓа личност која на некој начин е поврзана со странство и со која е можна врска.

Здравје: Проверете го нивото на шеќерот во крвта.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Денешниот ден не ви е поволен за почнување на нова работа, па потрудете се да не ризикувате.

Љубов:
Можни се мали несогласувања со партнерот кој во некој свои ставови е претерано тврдоглав.

Здравје: Чувствителни бубрези.

РАК

Работа: Може многу лесно да влезете во несогласувања со надредните. Потрудете се појасно да ги застапувате своите ставови.

Љубов: Лесно ја прекинувате врската во која неодамна сте влегле. Сте сфатиле дека личноста не е за вас, и не ви одговара.

Здравје: Посетете лекар.

ЛАВ

Работа: Оптоварени сте со некои проблеми кои сте ги имале од порано и не ви лесно на работното поле правилно да се организирате.

Љубов: Лесно доаѓате до ново познанство со личност со која може да останете долго заедно.

Здравје: Проблем со аритмија.

ДЕВИЦА

Работа: Ако сакате да ги докажете своите способности на ова поле, потрудете се сите работи да ги одработите на време.

Љубов: Може да го поправите односот со партнерот. Личноста која ви значи може да биде навредена поради вас.

Здравје: Проблеми со варење.

ВАГА

Работа: Ве очекува потпишување на нов договор кој ќе ви биде многу значаен. Подготвени сте за промени.

Љубов: Ако постојат било какви нејасностии во односот со саканата личност, сега е момент да ги решите.

Здравје: Болки во грлото.

ШКОРПИЈА

Работа: Ќе добиете прилив на пари кои сте го очекувале, и ќе бидете задоволни. Ве очекува подобрување на работните околности.

Љубов: Барате сигурност крај личноста која ви значи. Вашиот однос наскоро ќе напредува.

Здравје: Губење на апетитот.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Имате поддршка од работното опкружување да спроведете во дело некои идеи кои сте ги креирале сами.

Љубов: Ве очекува нова љубовна авантура со личност која ја познавате од порано. Ве очекуваат интересни љубовни промени.

Здравје: Одлично.

ЈАРЕЦ

Работа: Имате јасно зацртани цели и знаете што точно сакате да постигнете на ова поле.

Љубов: Не посветувате доволно време на саканата личност и вашата врска поради тоа паѓа во криза.

Здравје: Проблеми со главоболка.

ВОДОЛИЈА

Работа: Очекувајте поволен ден за успех на работното поле. Се околу вас ќе оди како подмачкано.

Љубов: Можно е да сте го прекршиле ветувањето кое сте го дале на партнерот и тој сега да е разочаран од вас.

Здравје: Посетете стоматолог.

РИБИ

Работа: Можно е да се случуваат некои промени кои ве загрижуваат. Немојте да се грижите, вие секогаш се снаоѓате во секаква ситуација.

Љубов: Имате несогласувања со саканата личност и не ви е лесно вашиот однос да стане стабилен.

Здравје: Вознемирени сте.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.