Според познатиот руски астролог Тамара Глоба 2021 ќе биде година на голема среќа и напредување посебно за овие три знаци од хороскопот.

Риби

Голема среќа ги очекува сите претставници на овој хороскопски знак. Во 2021-ва година, сè што ќе замислите тоа ќе ви се исполни, а животот ќе ви стане и подобар од што сте го замислувале. Тамара ги советува Рибите да дадат сè од себе. Ѕвездите ви се наклонети, а вие треба да се потрудите да ги искористите шансите на прав начин. Не чекајте работите сами од себе да се случуваат, туку вложете труд кој сигурно ќе резултира со успех.

Девица

Во 2021-ва година Девиците конечно ќе ја пронајдат смислата на животот и ќе го добијат она што им недостасувало за среќа. Ако долго време сте биле осамени, тоа ќе се промени. Шанса да ја запознаете сродната душа ќе се појави на средина на 2021-ва година. Таа личност ќе ви ја врати вербата во љубовта и самодовербата која ви недостасувала. За Девиците 2021-ва година дефинитивно ќе биде во знакот на љубовта и убавите чувства.

Бик

За Биковите ова ќе биде најнеобичната година во последните 10 години, не само што ќе бидат поштедени од лошите животни моменти, туку ќе добијат прилика да го остварат сето она за кое веќе долго време фантазираат. Самиот крај на јануари ви носи решение на некои ситуации кои веќе долго време ве мачат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.