Оваа недела носи убави моменти за три хороскопски знаци.

Бик –  ја менувате својата перспектива

Оваа недела турнати сте кон нови искуства. Направете свесен избор за нови работи во вашиот живот и не се плашете од промените. Пробајте нешто различно, направете нешто ново. Предизвикајте се себеси. Ова е период кој ви носи силна верба во својот потенцијал. Во одредени случаи, ќе морате да признаете дека не сте биле во право и тоа е сосема во ред.

Девица –  подготвени сте да ги предизвикате своите креативни граници

Вие сте прилично практична личност со јасни цели, но ова е период кога ќе ја тестирате својата креативност и тоа колку далеку таа ќе ве однесе. Време е да се ослободите од стравот, да погледнете надвор од линиите и да уживате во хаосот. Правилата ја загушуваат креативноста и тие не ви се потребни сега.

Јарец – ја осознавате моќта која не ни знаевте дека ја имате

Вашата сезона го доживува својот врв а тоа ви носи силна енергија. Оваа недела, имате голема можност да донесете важни одлуки за својот живот и насоката кон која сакате да се движите. Не се плашете од тоа да донесете храбри одлуки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.