Иако голем дел од припадничките на понежниот пол се уште сметаат дека многу мажи не можат да му одолеат на искушението и дека се подготвени да ја ризикуваат врската поради тоа, постојат и такви мажи кои се целосно посветени на својата партнерка. Таквите мажи се раѓаат токму во овие 3 хороскопски знаци…

Бик

Биковите важат за најлојалните припадници на зодијакот. Тие влегуваат во врска со чисто срце, а кога ќе се врзат, ќе направат се’ за својата поубава половина. Тие се заштитнички настроени кон жената што ја сакаат и не сакаат никој да ја повреди, особено не тие самите.

Овен

Овните сакаат сигурност за себе и за жената што ја сакаат. Сметаат дека довербата е основата на секоја здрава врска, па даваат се од себе за да ја изградат со својата поубава половина и за ништо на светот не би го уништиле односот што го градат. Овните несебично го даваат сето она што го очекуваат за возврат, па така нема причина за загриженост.

Јарец

На Јарците верноста им е исклучително важна. Тие се лојални и посветени на она што го прават, особено на својата врска. Покрај тоа што не би ја изневериле својата девојка, неверството би ги поразило и не би можеле да го простат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.