Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно ќе почувствувате дека може да уживате во сосема обични работи и дека покрај љубов не ви се потребни атракции.

Кариера

Потрудете се добро да ги организирате работните часови, за подготвени да го дочекате она што доаѓа и да имате енергија да го завршите.

Здравје и совет

Останете смирени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Ќе сакате да најдете решение по секоја цена, а токму таквиот приод нема да донесе резултати. Ви преостанува само да чекате.

Кариера

Веројатно ќе го почувствувате новиот бран енергија, поради што ќе изгледате поактивно и позитивно кон работата.

Здравје и совет

Продолжете да работите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Мало вознемирување поврзано со вашето семејство накратко ќе ве потресе, но вашата врска и натаму е квалитетна.

Кариера

Одвнатре ќе бидете нетрпеливи за да ги докажете своите проценки, но сепак цел ден ќе мора да слушате други.

Здравје и совет

Мал душевен немир.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако денеска се обидете да го збогатите својот љубовен живот,  преку некоја своја креативна идеја, тоа нема многу да успее.

Кариера

Ќе уживате во бавното темпо на работа. Некои дури и ќе претераат во опуштање. Добро е да се работи без стрес, но треба добро да се сработи.

Здравје и совет

Немојте толку да се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Додека вие се трудите да бидете љубезни и да го одржувате балансот и мирот во врската, од внатре ќе чувствувате сомнеж.

Кариера

Објективно, не сте лоши и другите ве поддржуваат во работата, но без особенa причина некој од колегите би можел да биде деструктивен.

Здравје и совет

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Конечно влегувате во поконструктивен љубовен период, кога критиките на ваша сметка се забораваат. Радувајте се.

Кариера

Ќе бидете фокусирани на луѓе и дружби, така што за работа нема многу да размислувате. Ќе работите автоматски.

Здравје и совет

Ќе се снајдете.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои можеби ќе почнат да размислуваат за личност што ја познаваат од работа. Нема да бидат сигурни за што точно станува збор.

Кариера

Мислите за работа ќе доаѓаат сами по себе, но ќе бидат смирени, позитивни и амбициозни. Денот е добар за на мир да се направат нови планови.

Здравје и совет

Барем на момент заборавете на се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Малку нешта може да ви попречат во овој момент на вашиот љубовен пат. Се се развива на добро,  а вие сте задоволни.

Кариера

Денеска не ги слушајте пријателите ако ви дадат свое мислење за една ваша деловна идеја. Нема да ве разберат.

Здравје и совет

Наспијте се.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И денеска е можно убаво да се забавувате и да бидете гостин на атрактивна забава. Саканата личност ќе биде покрај вас.

Кариера

Оние кои сакаат спорт, ќе се најдат на напнат натпревар. Другите ќе уживаат, малку ќе работат, а малку ќе се забавуваат.

Здравје и совет

Време е за повеќе вежбање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Не очекувајте премногу од денешниот ден. Добар е за пребарување по спомени, но без конечни заклучоци.

Кариера

Ќе размислувате дали и колку ве сака шефот , какви ви се односите со соработниците и дали си ја сакате работата.

Здравје и совет

Преспијте до утре, па донесете одлука.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе бидете популарни и прифатени во секое друштво. Ако уште сте сами, излезете меѓу луѓе, па макар само на кафе.

Кариера

Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило.

Здравје и совет

Држете се до својот план.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако имате потреба денот да го поминете сами, направете го тоа. Ако сакате да се поверите на близок пријател, и тоа е добро. Но, не очекувајте љубовен жар.

Кариера

Може само да бидете среќни што денеска немате многу работа, зашто не сте во топ форма. Одработете го она што го морате и опуштете се со содржини што ги сакате.

Здравје и совет

Не размислувајте премногу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.