Иако хороскопските знаци се разликуваат според карактерот, има и такви со вишок на емпатија, но и такви кои воопшто немаат трпение

Риби

Рибите немаат толеранција кога партнерот ќе згреши, а истото важи и со блиските луѓе. Без разлика дали тоа е нешто едноставно како доцнење на состанок или заборавање на важен датум, Рибите се познати по тоа што допираат и влијаат на сè. Долго време им треба да простат и заборават, а најчесто се занимаваат со работи за кои другите хороскопски знаци не ни помислуваат.

Скорпија

Можеби Скорпијата изгледа како најприлагодлив партнер, но кога се во прашање финансиите, сепак не ги сакаат заедничките трошоци. Нема да толерираат никаков трошок што го сметаат за непотребен и ќе ја повлечат поддршката во клучните моменти. Покрај тоа, овој знак може да биде исклучително гласен, ако сте кажале нешто во друштво што не му се допаднало.

Овен

Овенот сака да биде во центарот на вниманието и кога ќе слушне нешто што не му се допаѓа, веднаш ќе му возврати. Тој е исклучително тежок партнер и има краток фитиљ, па најлошо трпат најблиските. Овенот брзо врие, но и брзо се лади, се разбира до следната прилика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.