Владеењето на Јарецот трае од 21 декември до 20 јануари 2021 година, период во кој владеат засилени емоции, еуфорија и желба да ги прифатите и да ги почувствувате промените што ги носи новата година.

Но, три хороскопски знаци кои ќе бидат најсреќни за време на владеењето на Јарецот.

Бик

Што е следно на вашата листа на желби? Сонцето во Јарец влијае на вашата деветта куќа на образованието, патувањата и можностите. Можно е да размислувате за големи промени, како што се преселување или промена на кариерата. Подготвени сте да му се препуштите на бранот неизвесност бидејќи во 2020 година научивте дека ништо во животот не е сигурно, освен вашата верба. Ве чека период на самопромоција и деловен успех, особено ако се занимавате со приватен бизнис.

Девица

Сонцето во Јарец ви носи голема доза инспирација, среќа и хумор. Владеењето на Јарецот има најголемо влијание врз вашата петта куќа на уметноста, романсата и страста. Ќе ви се случи нешто што ќе ве исполни емотивно – без разлика дали станува збор за нова љубов или работа на креативен проект. Ова ќе биде моќен вовед во убавите работи што ве очекуваат во 2021 година. Ќе ги негувате срцето и детето во вас. Ќе бидете нежни кон својата душа, а тоа ќе ве исполни со мир и со нова внатрешна убавина.

Јарец

Сончевото враќање во вашиот хороскопски знак ви носи моќна трансформација и можности што можат да го променат вашиот живот. Конечно ќе се приближите до личниот успех преку разни промени. Ја создавате долготрајната основа на успехот за која сте копнееле. И покрај сите околности, вие останувате фокусирани на вашиот напредок и нема причина да се чувствувате виновни за тоа. Ова е вашето патување – искористете ги сите можности!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.