Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Рак, носејќи многу нови можности и среќа, особено на деловен план, за Раковите и сите водни знаци. Проблеми на работното место пак, може д аимаат кутрите Јарци и Овни. А вие, во кој знак сте родени? прочитајте го неделниот хороскоп.

Овен -Маки на работа, среќа во љубовта

Драги Овни, оваа недела, пред се на деловен план, ќе треба д аги искористите сите добри карти кои ги чувате и тоа да го направите до четвток, зашто потоа Меркур ќе ви го заврти грбот. Во следните седмици нема да биде едноставно да се реализираат проектите и често ќе наидувате на неприфаќање на вашите идеи од колективот. Многу среќа пак, ве очекува на сентиментално поле – преубавата Венера ќе ги поддржи вашите врски и ќе создава нови.

Бик – Среќни денови

Одлични вести пристигнуваат за вашиот знак – почнувајќи од четврток, може да сметате на поддршката на Меркур. Оваа планета, во наредните седмици, ќе ви донесе многу нови можности на работен план и ќе ви отвори нови врати за соработка. Нема да има потреба да се грижите за финансиите. Оваа недела најсреќни денови за вас ќе бидат вторник и среда, кога ќе ја имате поддршката и од убавата Месечина која ќе ви донесе убава вест.
Близнаци – Со вас е Меркур
Се до четврток може да сметате на поддршката на Меркур – профитирајте од оваа конјукција и искоритете  ги деловните можности до максимум. И Венера е на ваша страна, таа ќе ви подари нови средби и ќе ви донесе среќа на емотивен план. Осамените Близнаци треба почесто да излегуваат – зад аголот е едно многу интересно лице, додека оние кои се веќе во врска ќе уживаат во романтични мигови со партнерот. Единствен негативен ден во неделата е понеделник, кога нервозната Месечина може да ви донесе лошо расположение.
Рак – Ѕвезди на неделата
Драги Ракчиња, конечно тркалото на среќата се заврте на ваша страна! Почнувајќи од четврток, планетата Меркур ќе влезе во вашиот знак – тешкотиите со кои се соочувавте на работа уште од почетокот на 2019, сега ќе станат минато. Ќе пристигнат преубави новости и можности на деловен план, а финансиите конечно ќе ви се подобрат. Внимавајте само на нервозниот ден – вторник.
Лав – Месечина во опозиција
Првиот дел од неделата ќе биде подобар од вториот. Може да сметате на поддршката од Венера, Меркур и од Месечината кои ќе ви подарат убави нови можности. Особено среќен ден е понеделник. Почнувајќи од четврток пак, ќе мора да се соочите со три дена кога Месечината ќе биде во опозиција и ќе ви донесе нервози. Внимавајте на психофизичкото здравје во овој период.
Девица – Ќе ви тргне на работа
Последните седмици беа посебно тешки за вашиот знак, но сега конечно може да сметате на олеснување. Додека Венера, за жал, сеуште е неповолна и ќе ви носи тензии во љубовните врски, планетата Меркур е на ваша страна и ќе ве наградува со нови проекти на деловен план и стабилни финансии. Искористете го периодов за да влезете во рамнотежа и да се вратите посилни од билокога!
Вага – Викенд на љубовта
Искористете ја до максимум оваа седмица за да ги систематизирате важните прашања на работното место, зашто почнувајќи од четврток нема да може да сметате повеќе на поддршката од Меркур, кој до сега ви носеше среќа на работа. Во љубовта, Венера гарантира нови љубовни средби и многу романтика, додека оние кои се во врска ќе уживаат во разбирање со партнерот. Крајот на неделата е посебно романтичен и полн со страст.
Шкорпија – На повидок убави изненадувања
Драги Шкорпии, во последно време работите не одеа онака како што посакувавте, особено на работен план – но сега тоа ќе биде минато. Одлични вести на деловен план пристигнуваат веќе од четврток, кога планетата Меркур се враќа да ви се насмевне и да ве поддржи во идните деловни проекти. И на љубовен план на повидок се денови полни со еуфорија, со нови можности и убави вести.
Стрелец – Нови прилики
Последниот период не беше лесен за вашиот знак, ни на сентиментален ниту на деловен план. Сега конечно работите се систематизираат и се враќаат во нормала, а расположението ќе ви се поткрене. До сега Венера беше во опозиција и ви носеше кавги и тензии со партнерот, но од четврток и Венера и Меркур ќе престанат да ви ставаат пречки – а пред вас одеднаш ќе се отворат бројни нови можности.
Јарец – Непријатности на работа
Работата за вас е константна мисла па нема да ви се допадне што – почнувајќи од четврток – нема д аимате среќа на деловен план. Може да се соочите со пречки, кочници или поништувања на проекти поради опозицијата на планетата Меркур. Вооружајте се со трпение и подобро е да појдете на годишен одмор, отколку тврдоглаво да се турката работата која во овој период тешко ќе оди. Денови за љубов се вторник и среда.

Водолија – Време е за љубов!

Венера е поволна за вашиот знак и ќе направи вашата врска да стане посилна, а оние Водолии кои се сами ќе добијат можности да почнат нова љубовна приказна. Четврток, петок и сабота се посебни денови полни со љубов, кога и убавата Месечина ќе ве поддржи, носејќи ви супер расположение, романтика и среќа. Убави вести пристигнуваат и на работа, во првиот дел од неделата.

Риби – На работа супер, љубовта доцни

Оваа седмица планетата Меркур ќе престане да ви создава пречки и кочници на деловен план – во последниот период имавте доста проблеми, а сега ќе успеете да се наметнете над работниот колектив и сите ќе ве слушаат и почитуваат. Вашите вредности и труд конечно ќе бидат препознаени и наградени. На сентиментален план, Венера не е поволна за вас, па за љубов ќе мора да почекате извесен период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.