Секој хороскопски знак има свои слабости, маани и предности. Тоа што за некои е предност, за други е слабост. Дознајте по што е посебен вашиот знак.

Овен

Овните се тврдоглави, но и темпераменти, а кога нешто ќе зацртаат, одат до крај додека тоа не го остварат. Познати се по страста кон тоа што го прават, а тоа е и нешто со што постигнуваат многу во животот. Тие се личности кои никогаш не се откажуваат.

Бик

Биковите се родени лидери кои умеат како со луѓето. Тие ги одушевуваат луѓето со својата амбициозност и успешност. На луѓето можат да им дадат внимание постојано, но и да им дадат одлични совети и насочување.

Близнаци

Близнаците се познати по својата весела страна, тоа што можат да бидат оптимисти во сите ситуации. Тие се луѓе кои одлично владеат со секоја ситуација токму поради тоа што, што и да се случи никогаш не да размислуваат негативно и да паднат во очај или депресија.

Рак

Раковите се сензибилни и чувствителни личности, кои освојуваат со својата спонтаност и непредвидливост. А, штом се заљубат, тоа е многу интензивно и страствено.

Лав

Лавот е најшармантен и најгласен знак во хороскопот. Лесно ќе ги забележите бидејќи се многу харизматични и популарни. Тие се одлични меѓу луѓето, но имаат и големо его и секогаш очекуваат комплименти.

Девица

Девиците се перфекционисти кои се што прават доведуваат до совршенство, што може да ги иритира другите. Како пријатели, тие се многу предадени и грижливи личности, но не покажуваат таков впечаток бидејќи делуваат многу воздржано и студено.

Вага

Вагите се интелигентни, комуникативни и многу снаодливи личности. Освен тоа, многу се привлечни и не сакаат да влегуваат во конфликти. Сакаат сите работи да ги решат на мирен начин и затоа се омилени меѓу луѓето.

Шкорпија

Шкорпиите се многу страствени личности, кои внесуваат страст во што и да направат. Тие не се такви само во љубовта, туку и за сите работи кои им значат нешто ним или на оние кои тие ги сакаат. Често знаат да се мистериозни и делуваат студено, но тоа е само нивна маска пред светот.

Стрелец

Тие имаат нагласен авантуристички дух, кој често делува несериозно пред другите, бидејќи изгледа како да не знаете на што сте, со нив. Нивната добра страна е доброто срце и сакаат да им помагаат на луѓето постојано.

Јарец

Овие личности се помалку затворени. Се држат до своите уверувања, користат повеќе разум од емоции, но штом се отворат знаат да ја покажат и својата емотивна страна. Но, тоа се случува само со оние кои ги ценат и ги сметаат за блиски.

Водолија

Водолиите се оригинални личности кои на сите проблеми наоѓаат практично решение. Тие се многу креативни, ги освојуваат луѓето со својот шарм и насмевка, а често не се свесни за своите можности.

Риби

Рибите се најголеми емотивци. Тие брзо се врзуваат за други личности, а кога ќе се заљубат, сакаат со цело срце. Грижливи се и многу предадени личности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.