Српскиот астролог Владимир Влајиќ споделува кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци до крајот на јули под влијание на Венера и Сатурн во текот на следните десетина дена.

Овен

Во следниот период Јупитер ќе ве штити од сета негативна енергија. Освен тоа, не се очекуваат големи промени на деловен план, но можно е да се појави личност која ќе ви го привлече вниманието. Постои голема веројатност ова познанство набргу да прерасне во страсна љубовна врска.

Бик

Во следниот период ќе имате можност да постигнете напредок не само во кариерата туку и во љубовта. На почетокот ќе ви се чини дека сте ограничени, но набргу ќе сфатите дека сте го добиле сето она што ви е потребно. Ве очекуваат добри денови, особено во поглед на работата бидејќи сè ќе си дојде на свое место. Во поглед на љубовта ве очекува средба со помлада личност која често патува во странство.

Близнаци

Можете да очекувате одличен период бидејќи Венера ќе биде во вашиот знак. Така, многумина од вас ќе добијат шанса да се преселат. Освен тоа, ве очекуваат и одлични можности за започнување сопствен бизнис.

Лав

Со Сонцето во вашиот знак ќе добиете многу повеќе енергија и мотивација за реализирање на вашите цели во следниот период. Меѓу другото, ве очекува пријатно изненадување на љубовен план со оглед на тоа дека ќе се заљубите во угледна и почитувана личност. Освен тоа, постои можност и за преселба.

Водолија

Ве очекува период полн со можности, па затоа максимално искористете ги следните две недели во поглед на деловните и финансиските активности. Имајте на ум дека сега е вистинската шанса да ги постигнете вашите цели и планови!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.