Овен
Љубов:
Во емотивната врска има граница на меѓусебно почитување, но саканата личност покажува прекумерно самоволие.
Работа:
Доколку сте во чувствителна фаза, препуштете им се на вашите соработници да се занимаваат со покомплицирани задачи кои бараат многу труд.
Здравје:
Важно е да се акумулира позитивна енергија, опуштете се.

Бик
Љубов:
Омекнете го тонот со кој се обраќате на вашата сакана личност. Задолжително прифатите нечие извинување.
Работа:
Избегнувајте конфликт со личност која го предизвикува вашиот начин на размислување и деловните резултати. Секогаш постои решение.
Здравје:
Избегнувајте деструктивно однесување или лоши навики.

 

Близнаци
Љубов:
Важно е да се однесувате во согласност со вашите чувства. Ведриот дух и добрите намери даваат дополнителна сила.
Работа:
Впечатокот што го имате за деловните можности ќе се потврди како точен. Бидете доследни во вашите намери.
Здравје:
Во одлична форма сте.

Рак
Љубов:
Изненадете ја саканата личност на необичен начин, доколку имате доволно фантазија, се може да се промени во позитивна насока.
Работа:
Некој ги оспорува вашите идеи или влијанието што го имате во деловните кругови. Со неколку добри потези можете да ги решите вашите проблеми.
Здравје:
Важно е да се задржи позитивното расположение.

Лав
Љубов:
Средбата со една личност е повеќе како игра на „емоционално прикривање“ и тестирање отколку на искрена размена на чувства.
Работа:
Се наоѓате пред нова деловна дилема. Избегнувајте натпреварувачки ситуации, особено кога немате проверени информации.
Здравје:
Обрнете внимание на веселите содржини, опуштете се.

 

Девица
Љубов:
Не дозволувајте некој да ве измами. Потребни ви се подобри критериуми при изборот на ново друштво или забава.
Работа:
Чувствувате негативно расположение во кругот на соработниците, одржувајте присебност во средбата со личност која го поткопува вашиот деловен статус.
Здравје:
Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.

Терезија
Љубов:
Изгледате прилично вознемирени и потешко ви е да ги контролирате вашите емоционални импулси. Често го губите трпението со саканата личност.
Работа:
Нема причина некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да го ограничи вашето деловно и општествено влијание.
Здравје:
Избегнувајте ситуации кои ве исцрпуваат.

Скорпија
Љубов:
Контролирајте ги негативните страсти во емотивната врска и не дозволувајте некој да ве наведе на лошо однесување.
Работа:
Важно е да ги поставите вашите идеи на вистинското место, за сите околу вас да бидат среќни и задоволни. Поттикнете го вашето креативно расположение.
Здравје:
Ќе уживате во престој во природа или спортска активност.

 

Стрелец
Љубов:
Партнерот нема намера трпеливо да ја чека вашата одлука, туку презема изненадувачки чекор и иницијатива. Логично, се’ си има своја цена.
Работа:
Вашите главни интереси се од практична природа. Можете лесно да ги постигнете вашите деловни цели.
Здравје:
Во исхраната треба да внесувате повеќе течности и витамини.

Јарец
Љубов:
Во љубовната врска не е дозволено се што сакате, но нема причина за лажна скромност. Избирајте го најдоброто решение.
Работа:
Различни околности се на ваша страна. Имате одлична можност да постигнете успешни резултати.
Здравје:
Почестете се со некоја омилена забава, како рецепт за добро расположение и релаксација.

Водолија
Љубов:
Избегнувајте нови семејни или емотивни дискусии. Најдобро се чувствувате со личност која ги разбира вашите емоционални потреби.
Работа:
Се обидувате да дојдете до нови и корисни решенија, но вашата околина нема доволно слух или волја да ви се придружи.
Здравје:
Внимавајте на правилната здравствена заштита.

Риби
Љубов:
Треба да имате доволно трпение за семејството, како и за различните проблеми со кои се соочува вашата сакана личност.
Работа:
Не дозволувајте во вас да надвладее суетата или поривот за триумф. Бидете реални.
Здравје:
Избегнувајте различни психофизички оптоварувања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.