Дури и во ова комплицирано време, постојат позитивни и мотивирачки астролошки транзити кои носат убави мигови за некои од хороскопските знаци.

Следната недела ќе биде најубава за три од нив.

Бик: Добивате сила за да се ослободите од работите кои ве блокираат

Постојат многу слоеви на вашиот карактер, но овие денови ви носат големи промени кон вашата ексцентрична страна. Вие не ги сакате промените, но ги очекувате со отворени раце овие нови промени кои се случуваат во вашиот живот. Во текот на следната недела ќе бидете подготвени да ги надминете предизвиците кои долго ги носите како товар на вашите рамења, а кои долго ве блокираа на многу полиња.

Јарец: Вашата креативност има сила да ви ја излечи душата

Постои празнина во вас која се трудите да ја исполните со нешто. Се чувствувате досадно или повредено, па затоа креативните проекти ќе ви дојдат добро овој период. Нацртајте нешто, напишете поема и изразете ги своите чувства. Или пак доволно е да танцувате на вашата омилена песна.

Риби: Подготвени сте за нови нешта

Вие сте во некакво расположение како да се будите од долга дремка, па како да треба сега да ги истегнете нозете и да продолжите понатаму. Подгответе се за позитивна енергија во текот на оваа недела. Потребна ви е акција, па ќе бидете инспирирани да тргнете напред и да му покажете на светот кој е главен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.