Неделен хороскоп 24.06-30.06

Овен
Оваа недела на работа нема ништо да ви оди „од рака“. Земете здив и размислете каде плови вашиот брод.
Случајно ќе ја сретнете вашата поранешна љубов.
Внимавајте на здравјето, може да настинете.

Бик
Трудот секогаш се исплати. Можеби не очекувавте награда за вашата работа, но таа е заслужена.
По лошиот љубовен период следи Сонце во вашиот живот.
Здравјето ви е сосема во ред.

Близнаци
Постојано на ум ви доаѓаат нови идеји, но не знаете како да ги имплементирате. Добрината кон другите често знае многу да ве чини, а тоа не е исклучок ни оваа недела.
Партнерот мисли на вас, па дури и кога сте километри далеку. Таквата подршка ве изненадува.
Одвојте време за вежбање.

Рак
Главна преокупација ви е заштедата. Се обидувате да најдете начин како да ја вратите старата состојба на сметката кога трошоците ви се зголемуваат. Една личност може да ви помогне во тоа.
Немате време за љубов, загрижени сте од други проблеми.
Можно е да имате болки во мускулите.

Лав
Време е за промена. Себе си, начинот на работа, работното место, целта во животот.. Пред вас се важни одлуки.
Сонувате за љубов, но за неа мора малку да трагате.
Здравјето ви е одлично.

Девица
Можете да земете длабоко воздух и да се опуштите. Следува период без проблеми. Очекувајте подобрување на финансиската состојба.
Во љубовта ви цветаат ружи и немате проблеми со здравјето.

Вага
Вие можете да правите повеќе работи во исто време, но тоа ве заморува- па затоа со нетрпение го очекувате одморот.
Бесни сте на партнерот заради некоја негова постапка.
Уплатете си часови по фитнес.

Скорпија
Самодисциплината која ја немате ќе ја стекнете со текот на времето. Нема да очајувате пред препреките кои ќе стојат пред вас.
Може да се опуштите во љубовта.
Здравјето ви е добро.

Стрелец
Не дозволувајте да бидете деградирани. Вие заслужувате повеќе.
Оваа недела ќе бидете среќни и заљубени.
Можна е некоја кивавица.

Јарец
Деловната прилика која ќе се појави пред вас ќе ја изиграте со сигурни потези.
Пред вас ќе се појави љубов од минатото, но се што можете да направите е да пружите пријателска рака.
Здравјето ви е добро.

Водолија
Се обидувате да докажете дека сте способни, но не ви успева. Одморете се оваа недела.
Срамежливи сте кога се работи за личноста која ви се допаѓа.
Немате здравствени проблеми.

Риби

Колега од работа постојано се обидува да манипулира со вас. Не му дозволувајте.
На љубовен план коцките полека се редат во ваша полза.
Здравјето ви е одлично.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.