Месецот во кој е родено вашето дете ќе влијае на неговиот живот, а можеби дури и на неговата личност. Овие седум факти важат за сите родени во ноември

1. Веројатно ќе бидат поголеми

Децата родени во овој период почесто се поголеми при породувањето, но и во детството, од децата родени во текот на летните месеци.Истражувањето од Харвард покажало дека децата родени во текот на ноември имаат поголена породилна должина, а потешки се и повисоки од врсниците на возраст од седум години.

2. Веројатно ќе бидат добри спортисти

Истражувањето за спортските способности на децата открило дека оние родени во ноември постигнуваат подобри резултати. Децата родени во овој месец оствариле десет до 15 отсто подобри резултати од врсниците родени во текот на останатите месеци во годината на тестот на атлетски способности.

3. Веројатно ќе одат порано на спиење

Истражувањето покажало дека децата родени во ноември веројатно ќе одат порано на спиење од нивните врсници родени во пролет.

4. Посреќни се

Според пишувањето на списанието Psychology Today, децата родени во ноември имаат помала веројатност да искусат депресија.

5. Ако се момчиња, веројатно ќе бидат левучари

Според истражувањето на виенскиот универзитет, момчињата родени помеѓу ноември и јануари имаат поголема веројатност да бидат левораки. Истражувањето спроведено помеѓу 13.илјади возрасни лица од кои 7,5 отсто се жени и 8,8 отсто се мажи биле левораки. Кога научниците ја проучиле датата на раѓање, откриле дека повеќето биле родени помеѓу Задушница пред Митровден и Нова година.

6. Имаат помал ризик од некои болести

Истражувањето спроведено во Обединетото кралство открило дека луѓето родени во ноември имаат помали шанси за развој на болести како мултиплекс склероза. Научниците тоа го поврзуваат со поголема изложеност на витаминот Д во бременоста.

7. Веројатно ќе ги надживеат своите врсници

Според истражувањето на Универзитетот во Чикаго, децата родени во овој период на годината имаат поголема веројатност дека ќе го прослават стотиот роденден од оние родени во текот на останатите месеци.

Колку долго ќе живеете, колку ќе бидете високи, колку сте добри во школо, колкав ви е индексот на телесната маса, дали сте утрински или вечерен тип и шансите за развој на одредени болести се поврзува со времето во годината кога сте родени, изјавил неуронаучникот Расел Фостер од Универзитетот во Оксворд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.