Скорпија 24.10-22.11.

Работа: Ве очекуваат потешкотии кога е во прашање ова поле. Може да бидете наклонети кон караници со соработниците.

Љубов: Засега не сте подготвени за некои нови љубовни врски.

Здравје: Јадете повеќе овошје.

 

Стрелец 23.11.-21.12.

Работа: Очекувајте некоја мала загуба или штета. Денешниот ден не ви е нималку поволен.

Љубов: Можно е да сте решиле да ја прекинете врската со личноста кон која повеќе немате чувства.

Здравје: Внимавајте на својот желудник.

 

Јарец 22.12.-20.1.

Работа: Пред вас е многу добар ден во кој ќе имате можност да ги остварите своите планови.

Љубов: Ако сте слободни, ве очекува познанство со личноста која кон вас ќе покаже искрени чувства.

Здравје: Внимавајте на долниот дел на грбот.

 

Водолија 21.1.-19.2.

Работа: Очекувајте дека сите околности околу работното поле ќе ви бидат наклонети.

Љубов: Ако сте во брак, ве очекува период во кој со саканата личност ќе остварите подобар однос.

Здравје: Наклонети сте кон инфекции и воспаленија.

 

Риби 20.2.- 20.3.

Работа: Поволен е ден за нови работни проекти или за почнување на некои нови соработки.

Љубов: Ве очекува нова љубов. Личноста која ви се појавува ви делува идеално, како нешто за што сте сонувале.

Здравје: Проблеми со зглобовите.

 

Овен 21.3-20.4.

Работa: Ќе бидете задоволни од резултатите кои ќе ги остварите на ова поле во следниот период.

Љубов: Се чувствувате добро крај личноста која ја сакате и имате многу доверба во неа. Вашиот однос ќе напредува.

Здравје: Нагласен е засилен апетит.

 

Бик 21.4- 20.5.

Работа: Очекувајте дека ќе успеете да ги остварите своите намери и дека ќе ги остварите зацртаните цели.

Љубов: На љубовното поле може да очекувате прилика со партнерот да правите важни планови.

Здравје: Хроничен умор.

 

Близнаци 21.5.-21.6.

Работа: Во текот на денешниот ден би можеле да очекувате некои мал проблем во комуникацијата на работа.

Љубов: Партнерот ви влева несигурност и губите доверба. Некогаш ви се чини дека односот не може да напредува.

Здравје: Проблеми со циркулација.

 

Рак 22.6-22.7.

Работа: Не е претерано поволен ден за работа. Можеби ќе доживеете некој вид разочарувања.

Љубов: Ве очекува интересна средба со личноста која ќе ви помогне поинаку да гледате на љубовта.

Здравје: Проблеми со мускулите.

 

Лав 23.7-22.8.

Работа: Очекувајте успех во новите работи. Судбината ви е наклонета.

Љубов: Очекувајте добра комуникација со личноста која ви значи. Вашиот однос се развива во добар правец.

Здравје: Добро.

 

Девица 23.8.-23.9.

Работа: Надевајте се на позитивен ден во кој ќе имате доста среќа на полето работа.

Љубов: Подготвени сте максимално да се посветите на личноста која ви значи. Сакате вашата врска да напредува.

Здравје: Чувствителни ви се колената.

 

Вага 24.9.-23.10.

Работа: Мали потешкотии ве очекуваат на работното поле и не ви е лесно сите пречки да ги прескокнете.

Љубов: Можно е да сте наклонети на љубомора и тоа негативно влијае на вашиот однос со партнерот.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.