Бик 21.4- 20.5.

Работа: Не ви е лесно да ги покажете своите намери затоа што вашиот збор сега не доаѓа до израз.

Љубов: Можни се мали несогласувања во комуникацијата со саканата личност.

Здравје: Водете сметка околу зглобовите.

 

Близнаци 21.5.-21.6.

Работа: Пред вас се отежнати околности на работното поле поради кои не може да напредувате.

Љубов: Имате впечаток дека саканата личност не е сосема искрена кон вас. Станувате сомничави.

Здравје: Проблеми со кичмата.

 

Рак 22.6-22.7.

Работа: Пред вас е поволен ден за работа. Во следниот период ве очекува решавање на некои проблеми.

Љубов: Емотивно сте сигурни во своите одлуки. Со саканата личност полека планирате и деца.

Здравје: Одлично.

 

Лав 23.7-22.8.

Работа: Можни се некои мали пречки на вашето работно поле. Многу работи ве оптоваруваат.

Љубов: Вашата љубомора би можела да донесе конфликти помеѓу вас и партнерот. Не ви е лесно да верувате на саканата личност.

Здравје: Чувствително.

 

Девица 23.8.-23.9.

Работа: Можно е да имате кочници и блокади поради кои нема успешно да ги реализирате своите планови.

Љубов: Имате впечаток дека партнерот не е повеќе така среќен крај вас и го пуштате да продолжи понатаму.

Здравје: Внимавајте на бешиката и бубрезите.

 

Вага 24.9.-23.10.

Работа: Ве очекува поволен ден за решавање на работните компликации. Судбината е на ваша страна.

Љубов: Имате добар однос со саканата личност. Очекувајте дека денешниот ден ќе биде поволен за љубов.

Здравје: Добро.

Скорпија 24.10-22.11.

Работа: Загрижени сте за своите работни околности, но во следниот период ќе ги решите проблемите.

Љубов: Очекувајте шанса за обнова на емотивната врска од минатото.

Здравје: Пад на имунитетот очекувајте во следниот период.

 

Стрелец 23.11.-21.12.

Работа: Ве очекува поволен период на работното поле. Нови, добри вести стигнуваат конечно.

Љубов: Ве очекува добар однос со брачниот партнер. Ако сте слободни, размислувајте за нова врска.

Здравје: Солидно.

 

Јарец 22.12.-20.1.

Работа: Пред вас е напорен ден во кој секогаш ќе ви доаѓаат некои нови обврски и компликации.

Љубов: Мали несогласувања со личноста која ви значи ви носат доста нервози.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.

 

Водолија 21.1.-19.2.

Работа: Напорната работа и трудот ќе ви се исплати на долги патеки. Може да очекувате дека ќе остварите работни поместувања.

Љубов: Саканата личност треба да покаже малку повеќе разбирање кон вас.

Здравје: Водете сметка за забите.

 

Риби 20.2.- 20.3.

Работа: Можно е да се наоѓате под притисок. Следниот период ви носи доста стрес.

Љубов: Наклонети сте кон караници со партнерот. Постојат доста работи во моменталната врска што не ви годат.

Здравје: Главоболка.

 

Овен 21.3-20.4.

Работа: Ако се занимавате со приватна работа, пред вас е период кој носи мало олеснување.

Љубов: Може да се каже дека односот со саканата личност доаѓа до клучна точка денеска. Можни се бурни караници.

Здравје: Проблеми со варењето на храната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.