Познатиот руски астролог Павел Глоба открива кои хороскопски знаци ќе имаат среќа во остатокот на јуни, а кои ќе имаат ужасен месец.

Првиот летен месец им носи големи неволји на Биковите, можни се проблеми во кариерата, а некои ќе мора да бираат меѓу деловен и личен живот.

На Овенот му се советува повеќе да внимава на партнерот и да ја негува врската со него, во спротивно нема да можат да се избегнат фатални конфликти.

Близнаците можат да очекуваат нови познанства, главно од романтична природа. Постои шанса да се сретнете со вистинска љубов, а за оние кои се веќе во врска, корисно ќе биде да работите на своите вештини за избегнување конфликти.

Добар месец ги очекува и раковите. Јуни ќе им отвори нови можности и на професионален и на љубовен план.

Лавовите ги чека многу активен месец. За да останат на врвот, во јуни ќе мора постојано да бидат во центарот на вниманието и да работат напорно за да го постигнат посакуваниот успех.

Девиците се големи работохоличари, но астрологот советува да одржуваат рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот во јуни. Не заборавајте на сопствените интереси и не вршете притисок врз партнерот

Вагата е предупредена за можни семејни кавги. Советот е да работат на себе кога станува збор за комуникација.

Шкорпиите треба да внимаваат да не даваат ветувања што не можат да ги остварат, Стрелците на средбите со минатото, а Јарците ќе имаат ветувачки познанства.

Водолијата и Рибите ги очекува неверојатен бум во јуни. Најповолни датуми се 16, 17, 23 и 30 јуни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.