Тие се родени лидери и секогаш бараат многу од оние под нив, но станува збор за реални очекувања.

На нив им е предодредено да бидат шефови и предводници на својата екипа, а во врските секогаш главни. Во нивните очи тие се најдобри и незаменливи. Станува збор за Овенот и Јарецот.

Овен

Овенот во себе носи најизразени црти на лидерство и авторитет. На патот до успехот за него не постојат препреки. Неговите најголеми врлини се креативноста и динамичноста, но најмногу го кочи тврдоглавоста и честите промени на расположението. За своите вработени тој е ноќна мора бидејќи секогаш го бара максимумот од нив, без никакви исклучоци. Но, од друга страна пак, овие барања секогаш се многу јасни и прецизни.

Јарец

Јарецот поради својата доминантна природа е роден да шефува. Тој сака добра организација, поточно ред, како и дисциплина за да може добро да работи. Тој е голем зависник од работата и способен е да го извлече најдоброто од другите, додека истовремено се труди и неговите вработени да имаат одлична заработка. Исто како и Овенот, така и тој е тврдоглав, но најголемиот негов проблем е што цврсто верува дека знае најдобро и дека е незаменлив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.