Големи изненадувања пристигнуваат во првата млада Месечина во 2024 година, а меѓу нив се и финансиските за некои од знаците. Првата млада Месечина во 2024 година се појавува во знакот на Јарец и може да донесе сериозни проблеми во ресурсите.

За време на младата Месечина, Уран, планетата на изненадувањата, ќе биде во Бик, а во Девица ќе биде црниот месец којшто е одговорен за документите и договорите.

Близнаци

За време на младата Месечина во вашиот сектор на семејниот капитал ќе бидат Сонцето, Месечината и Марс што може да донесе нов извор на приходи кај вашиот партнер или заедно ќе се одлучите за хипотека или кредит. Покрај тоа ќе може да почнете да добивате инвестиции од некој интернет проект, особено доколку сте го започнале во 2023 година.

Девица

За време на младата Месечина, Сонцето, Марс и Месечината ќе бидат во вашиот сектор на лични проекти, што може да донесе нови циклуси на финансии од вашата лична работа. Интересно е што во вашиот знак е црниот месец којшто може да донесе неофицијални приходи, а Уран во секторот на меѓународните односи може да донесе нарачки од странски клиенти или партнерот. Покрај тоа, некој од вашите проекти можеби ќе почне да ви носи приходи.

Стрелец

За време на младата Месечина, Сонцето, Месечината и Марс ќе бидат во вашиот финансиски сектор, што значи дека ќе имате нов извор на приходи, најверојатно благодарение на помош од некој маж или поради ваша лична работа. Марс управува со куќата на вашите сопствени проекти така што ќе имате добра замисла која одеднаш може да почне да создава сериозен приход.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.