По месецот кој се чини најдолг секоја година, утре ни доаѓа февруари, а астролозите за оваа 2023 година одвоија три датуми со најповолна енергија.

2 февруари – датумот огледало

На овој ден ја имаме серијата 02-02 која го претставува датумот на огледалото, бидејќи ни помага да ги отвориме очите не само за она што се случува сега туку и да го разбереме она што неодамна се случило. Ова е денот кога треба да размислувате подетално, но и да ги следите плановите. Бројот 2 ќе ја зајакне вашата волја, ќе ви даде енергија, мотивација и желба да развиете лидерски вештини.

5 февруари – транзит на Венера во Марс

Ова е поволен аспект што може да има значително влијание врз секого од нас бидејќи ова ќе биде ден со нова енергија, поволен за водење бизнис, но и за уживање. Ако сакате, можете да се опуштите и да се одморите. Можете да останете дома или да излезете со пријателите.

11 февруари – Меркур влегува во Водолија

На 11 февруари кај секого од нас ќе се разбуди желбата за знаење, наука и стекнување нови вештини. Слушајте ја вашата интуиција овој ден и не плашете се да го правите она што треба да го направите. Освен тоа, по 11 февруари следува период кога секој човек ќе стане подобар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.