Се ближи крајот на мај, а со него и крајот на пролетта. Астролозите повеќепати нагласиле дека последните недели на мај ќе бидат со необични љубовни исходи. Според нив, ова е најдобриот можен период за да се вљубите.

Врските што ќе се склопат на почеток на мај може да бидат толку силни што во наредниот период ќе прераснат во силни семејства, судбински средби и ќе се оствари токму тоа што долго време сте го посакувале.

Истрајноста е многу важна. Дури и да не гледате љубов за цел живот во личноста што сега е покрај вас, тоа може наскоро да се промени.

Оние кои ќе се отворат во мај и ќе ја признаат љубовта, може да го очекуваат најсреќниот период во својот живот.

Кој ќе го искористи мај за љубов?
Шанси за љубов месецов имаат Водолиите, Раковите и Биковите. Пролетта ќе ви биде посебно наклонета, така што може да очекувате големи емоции. Оние кои започнале врска овој месец, покрај љубов може да очекуваат и голема поддршка во животот.

Постои голема шанса сега да го започнете животот од почеток. Да љубите, да раѓате деца, да градите дом… Не само што ќе ви промени емоционалниот статус, туку ќе ви се промени и животот.

Кој ќе добие неверојатно признание?
Терезиите оставиле неверојатен впечаток врз некого од нивното опкружување. Иако Терезиите делуваат како да се доволни сами на себе и како никој да не им треба, тоа наскоро ќе се промени и Терезиите ќе дознаат дека не се сами.

Девиците се популарни кај многумина, но ретко кому ќе му дадат шанса да им се приближат. Но крајот на мај е време за големи промени.

Близнаците повторно ќе бидат среќни, бидејќи ќе им се врати старата љубов. Почнува нова фаза во вашата љубов.

Биковите кои веќе кренале раце од љубовта, сега зачудено ќе забележат дека се’ оди на подобро. Партнерските односи се подобруваат, нема повеќе прекор и караници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.