Ноќва полната Месечина е во знакот Водолија. Според астролозите, нејзината енергија ќе ни помогне да се ослободиме од она што не нè радува во животот. Така, ќе ни биде отворена вратата кон среќната иднина, а сега ќе имаме и можност да си посветиме повеќе време себеси.

Бик

Ве очекуваат промени на професионален план. Со оглед на тоа дека стабилноста и предвидливоста многу ви значат, неочекуваните настани на почетокот ќе ве исфрлат од колосек, но подоцна ќе сфатите дека сè се случило за ваше добро. Важно е да останете смирени и внимателни дури и кога чувствувате силен наплив на емоции. Сега е време за нова трансформација и за поинакви сфаќања на животот.

Лав

Полната Месечина ќе ви донесе турбуленции во односите со саканите како и во однос на општата благосостојба и здравјето. Можно е да наидете на недоразбирања кои ќе ве вознемират. Вашиот прв инстинкт ќе биде да ја уверите саканата личност дека ја сакате. Сепак, не заборавајте ги сопствените потреби. Астролозите ви препорачуваат да бидете повнимателни и да не избрзувате со одлуките.

Шкорпија

Ќе почувствувате раздор помеѓу вашата нежна, емотивна страна и рационалниот дел на вашата личност. Дозволете си да бидете ранливи и да ги покажете вашите слабости, но можеби е време одново да ги воспоставите вашите граници со блиските. Останете верни на себе и следете ги вашите соништа. Освен тоа, сега ќе биде идеалниот момент да ја промените комуникацијата со околината. Тоа значи дека ве очекуваат предизвици во односите со другите, но сето тоа зависи од вашата реакција.

Водолија

Оваа полна Месечина ќе биде во вашиот знак, па затоа не е за чудење фактот што нејзините ефекти ќе бидат посилни врз вас. Ова ќе биде одлична можност за да одвоите време за самоанализа и да размислите какви одлуки сте донеле неодамна, дали тие вределе и што можете да промените во иднина. Не живејте во минатото туку извлечете ги важните лекции од него кои ќе влијаат позитивно врз вашиот понатамошен раст и развој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.