Што им носи полната Месечина на хороскопските знаци?

Овен

Оваа полна Месечина за Овните настапува во полето на кариера и животни патишта. Можеби ќе успеете да ја откриете својата вистинска страст особено кога станува збор за кариерата. Поставете цели кои се реални и на кои можете да се посветите и да ги остварите. Најдобро е да ја послушате интуицијата и таа да ве води. Сè што ви е потребно овој период, ќе дојде до вас.

Бик

Свесноста се постигнува преку искуствата, а оваа година Биковите стекнаа многу различни искуства, позитивни и негативни. Оваа полна Месечина носи можност да научите нешто, да ги соберете плодовите од својот труд и да го проширите умот. За вас доаѓа голема мудрост од една поширока перспектива на која не сте помислувале досега. Време е да го манифестирате тоа што е вистинско за вас.

Близнаци

 

Во фокусот на оваа полна Месечина за вас доаѓаат споделените ресурси, заеми и долгови. Конечно ќе можете да направите напредок на ова поле, а така и да си ја повратите својата лична моќ. Можеби ќе биде потребно да преговарате и дискутирате за нешто важно, но ќе бидете сигурни во својот пристап. Ова не доаѓа природно за Близнаците, но полната Месечина ви ја носи таквата моќ.

Рак

 

Вие ја чувствувате енергијата на полната Месечина повеќе од било кој друг знак. Не само поради тоа што таа управува со вашиот знак, туку бидејќи е во опозиција со Сонцето кое е во Рак. Важно партнерство доаѓа до клучна точка за време на полната Месечина. Можете да остварите што и да посакате, но ќе биде потребно да вложите напор. Можно е и ова да е период кој ќе ви донесе сознание во однос на тоа што го сакате и да добиете поддршка од некоја важна личност.

Лав

 

Кај вас најголеми промени доаѓаат на полето на работата, во начинот како им пристапувате на задачите, рутината и здравјето, но и грижата за себеси и како го постигнувате балансот меѓу работата и вашето ментално и физичко здравје. Оваа полна Месечина ви носи можност да поставите солиден распоред и да се погрижите за себеси, онака како што заслужувате.

Девица

 

За Девиците доаѓа до конечно реализирање на многу идеи и планови. Бегате подалеку од ограничувањата и сега се чувствувате дека можете да постигнете што и да посакате. Можеби ќе бидете претерано самокритични, но универзумот ве охрабрува да поработите на својот раст и да постигнете успех преку внатрешната промена.

Вага

 

За Вагите се активира домот и животниот пат. Доаѓаат промени на ова поле, што ќе ве израдува во голема мера. Можно е да купите нов стан, да направите промени во домот или пак да почнете да живеете заедно со саканата личност. Огромна можност е пред вас.

Шкорпија

 

Комуникацијата е клучна, а ова е голема лекција за вас. Преку предизвиците во изминатиот период успеавте да дојдете до важни лекции и нова перспектива за тоа како да комуницирате со другите. Оваа полна Месечина ви носи промени на ова поле и интензивирање на соработката и блискоста со другите.

Стрелец

 

За Стрелците, фокусот на оваа полна Месечина е во финансиите. Можно е да го промените начинот како управувате со финансиите, но и можни се промени во вашиот пристап како да постигнете раст на ова поле. Станувате свесни за тоа колку вредите, а потсетете се и што заслужувате.

Јарец

 

Јарците ќе бидат под големо влијание на полната Месечина бидејќи таа е во нивниот знак. Овој аспект ќе активира големи лични промени, особено преку предизвиците со кои се носевте изминатата година. Вие сте променета личност, а сменет е и начинот како им пристапувате на другите луѓе. Можно е да дојде до нова соработка или љубовна врска за време на оваа полна Месечина.

Водолија

 

Фокусот на полната Месечина е насочен кон вашата потсвест. Сега е време да се отворите пред светот и да ја добиете самодовербата од сето она на што бевте посветени изминатиот период. Универзумот ви дава зелено светло да се изборите за вашите цели и да ги претставите пред светот.

Риби

 

Рибите се чувствуваат сигурно и самоуверено, а доаѓа и до промени во вашето друштво и луѓето со кои се дружите и соработувате. Ова е време кога ја имате поддршката од важни луѓе околу вас, особено во поглед на вашите соништа и цели. Доаѓа до промени во вашиот животен пат, а тоа ќе ви донесе силни емоции.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.