Родените во овој знак се меѓу најинтересните, но и најтешко разбраните личности кои ги познавате.

Рибите се многу дружељубиви личности кои сакаат да се во друштво на различни луѓе. Нивната подготвеност да се вложат во односите со другите луѓе ги прави незаменливи. Тие сакаат да им се поддршка на луѓето околу себе. Иако не се предодрени да бидат лидери, нивното присуство е важно за било која работа која ќе се зафатат да ја прават.

Рибите се воден знак и се карактеризираат со емпатија и силен емоционален капацитет. Како Ракот и Шкорпијата, тие тежнеат кон необјасниви работи за да се чувствуваат среќно и исполнето.

Нивна владејачка планета е Нептун која управува со сонот, психата и креативноста. Затоа, тие имаат силна интуиција и поседуваат и уметнички талент. Со оглед на тоа дека Нептун е поврзан со музиката, Рибите откриваат музичка склоност во најраните фази во животот, а се насочуваат и кон поезија.

Длабоко во Рибите живее непоправлив романтичар. Тие се предадени, нежни и безусловно дарежливи, со силни емоции. Тие не се многу страствени љубовници, но имаат потреба силно да се поврзат со својот партнер. Краткотрајните врски и авантури не се за нив. Ништо не е доволно добро кога станува збор за љубовта.

Нежните Риби знаат да бидат и одлични пријатели. Често ги ставаат потребите на своите блиски пред своите, а се многу приврзан и за нив, ниту еден проблем не е доволно голем. Без оглед на тоа дали станува збор за мал или голем проблем, тука се секогаш да помогнат.

Тие никогаш не се плашат да ги покажат своите чувства и нема да се срамат пред другите или да мислат дека некој можеби нема да ги разбере.

Во однос на работата, често доаѓаат до позиција која е поврзана со креативност, а одлични се и како хуманитарци. Им одговараат позициите архитект, ветеринар, адвокат, социјален работник и дизајнер на игрици. Тие се инспирирани од потребата да направат промена во животите на другите и се одлични во решавањето проблеми.

За нив е најдобро да живеат покрај вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.