На 23 февруари започна моќен астролошки период кој носи промени во нашите животи. Астролозите советуваат следните 60 дена да ги искористиме максимално. Ова е период во кој имаме само три планети кои се движат ретроградно, а сите останати моќни планети на небото се движат директно и ни носат можност да ги оствариме нашите желби. Ова се моќни два месеци кои ни носат идеална можност да ги исполниме нашите желби и планови. Тој ќе трае до 27 април.

Марс е енергетска сила и владетел на енергијата. Тој не дозволува да се откажеме и ни дава моќ да туркаме напред, да ги исполниме сите наши цели. Ова е период кога можете да се охрабрите да започнете сопствен бизнис, нова работа или пак да добиете унапредување.

Сатурн е владетел на долговечноста и одговорноста, а тој може да помогне во придвижување од мртвата точка. Оваа планета навлегува во деталите и ни носи долгорочен успех, но и оптимизам и храброст.

Меркур е владетел на комуникацијата, а неговото директно движење ни носи подобрување на комуникацијата, решавање на проблемите со разговор и подобри меѓучовечки односи.

Јупитер е божествена планета на чуда и изобилство, која се движи во знакот Водолија овој период. Ова е време во кое можеби ќе добиеме награда за нашиот труд или за некоја тешка работа која сме ја завршиле.

Уран ни помага да ги достигнеме своите потенцијали и да се отргнеме од минатото. Тој е и планета на генијалноста, па ова е идеално време да ги разработиме своите креативни идеи и да тргнеме во акција. Во поддршка со другите планети, Уран има моќ да ни го смени животот.

Нептун е планета на имагинацијата, вербата и божествената љубов. Тој сега минува низ Риби, што ја зголемува и нашата емпатија и чувствителност.

Ова е период кој е поволен за сите хороскопски знаци, но особено среќни ќе бидат три од нив:

Рибите, Раковите и Девиците. Нивниот живот може да се промени од корен во следните два месеци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.