Откако поминавте повеќе од 2 месеци затворени дома заедно со партнерот, можеби ќе сфатите дека тој е вистинскиот или дека веќе никогаш не сакате да разговарате со него. Понекогаш е тешко да бидете заедно 24/7, особено ако вашата врска не е беспрекорна. Но, ако сè уште уживате во друштвото на партнерот, можеби сте еден од хороскопските знаци што веројатно ќе одлучат да се свршат за време на карантинот.

1. Бик

Личностите родени во овој хороскопски знак не сакаат запросувања што се случуваат пред милион луѓе. Тие би биле многу засрамени кога ќе го видат светкавиот знак „Дали ќе се омажиш за мене?“ на некој спортски настан или кога партнерот ќе клекне на колена во парк каде што шетаат странци.

Поради тоа, карантинот е идеално време за запросување, во удобноста на својот дом. На Биковите, најважни им се безбедноста и сигурноста, па често размислуваат за брак. За време на карантинот, целата неизвесност ќе ги натера да размислуваат за иднината уште повеќе и ќе сакаат да стапат во брак.

Бикот е исто така познат по тоа што е опуштен, па нема да му пречи ако прифати или ако понуди брак додека го носи својот омилен стар џемпер. На тој начин, запросувањето може да биде уште позначајно бидејќи му покажува на партнерот колку се чувствува удобно покрај него.

2. Скорпија

По неколку месеци поминати дома (веројатно читајќи книги покрај својот партнер), Скорпијата ќе почне да се чувствува пријатно кога ќе замисли запросување во карантин.

Како знак што ги цени лојалноста и врските, Скорпијата веројатно веќе некое време размислува за брак и ужива во овој период затоа што се чувствува поврзано со партнерот.

Скорпијата е воден знак, што значи дека таа е во склад со своите емоции, па ако се чувствува крајно вљубена за време на некоја дождлива ноќ, таа само би можела да го погледне својот партнер и да го постави прашањето.

За овие личности е сосема во ред дури и ако запросувањето помине без прстен поради карантинот. Според нив, врските не мора да вклучуваат спектакуларни изјавувања љубов, за нив е важно љубовта да постои и да е вистинска.

3. Водолија

Припадниците на овој хороскопски знак сакаат да прават невообичаени работи, а не она што се очекува од нив. Дури и ако имаат замислено традиционално запросување, тие би можеле да ги променат своите планови и, наместо тоа, да го направат запросувањето во дневната соба.

Водолиите се познати по својот идеалистички начин на размислување, па затоа размислуваат позитивно кога станува збор за преземање на првиот чекор. И покрај тоа што ќе се одвива под не многу идеални околности, тие нема да дозволат пандемијата да ги спречи да се подготвуваат за иднината заедно со својот партнер.

Овие личности се ексцентрични и духовити, па, и покрај сè што се случува, тие ќе најдат начин да го направат запросувањето за време на карантинот незаборавно, значајно и забавно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.