Меркур оваа година прв пат е ретрограден од 17 февруари до 10 март.

Пред да заклучите дека овој период ќе ви биде тежок, треба да проверите дали припаѓате на некој од трите хороскопски знаци кои „најлошо ќе поминат“.

Близнаци

Со Близнаците владее Меркур и ним нема да им биде лесно се да постигнат на време. Иако знаат да работат повеќе работи одеднаш, не се снаоѓаат лесно кога Меркур е во оваа позиција. Секаде доцнат, се им бега, не можат да се фокусираат. За документација и патување не можеме ниту да зборуваме, бидејќи тоа е невозможно да помине без ниту еден проблем. Затоа, најдобро е да ја задржат сложеноста. Немојте сега да купувате телефон, тоа не би било најдобра одлука.

Девица

Девиците не можат да се организираат и се да биде како што навикнале. Можеби и ќе тргнат на време, но ќе се случи некоја препрека по пат и нема да може да завршат се како што треба. Ќе се фрустрираат бидејќи немаат контрола, но имаат потреба на секого да му кажат што мислат, што ним им се допаѓа, но после се каат. Сепак, можеби можат да ги решат некои битни проблеми кои ги влечат одамна.

Риби

Бидејќи Меркур скоро цело време е ретрограден во овој знак, сега нема да имате енергија да постигнете се што сте замислиле. Најдобро е ништо и да не планирате, а тоа нема да ви падне тешко бидејќи сепак не сакате рутина. Битно е да имате време за себе, помалку да се отворате на другите луѓе и да набљудувате како го покажуваат своето вистинско лице. Не е добро време за купување автомобил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.