Додека на некои летото ќе им помине во работа и досадни обврски, Овните ги очекува еден прекрасен, авантуристички период. Личностите родени во овој знак, конечно ќе остварат некои работи за кои сонувале со години, впуштајќи се во животна авантура.

Здравјето и кариерата ќе им бидат стабилни, па нема многу да се преокупираат со нив и фокусот ќе им биде насочен кон возбудливи авантури. Што се однесува до љубовта, Овните можат сериозно да се заљубат. Најмногу ќе бидат заинтригирани од припадниците на знакот Рак, поради нивната сталоженост и добродушност.

Покрај ова, добри работи ги очекува и во полето на пријателствата, што значи Овните можат да обноват некое пријателство од минатото, но и да склопат некое ново, важно пријателство кое ќе им биде од големо значење во иднината.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.