Секој хороскопски знак поседува одредени карактеристики. Додека Лавовите се препознатливи по својата потреба за внимание, а Шкопиите по сексапил, веројатно некогаш сте се запрашале кој хороскопски знак е најпаметен? Луѓето коишто се родени во знакот на Риба, гледаат, чувствуваат и знаат многу работи што другите не можат ниту да ги забележат. Тоа е благодарение на нивната интуиција и емпатија.

Рибите секогаш чувствуваат кога нешто ги мачи другите и умеат искрено да се сочувствувааат со таа личност. Кога другите се обидуваат да скријат нешто од нив, Рибите секогаш ќе забележат затоа што нивната интуиција ги води до вистинскиот пат. Затоа се сметаат за едни од најинтелигентните хороскопски знаци.

Од сите хороскопски знаци, Рибите се најспособни да ги разберат појавите, настаните и луѓето околу себе и често патат најмногу од сите останати. Овој знак од Зодијакот ги разбира и најлошите човечки постапки и се труди никогаш да не ги осуди другите.

Рибите секогаш се потпираат на своите чувства и затоа тешко се носат со реалноста. Често премногу фантазираат, но кога ви е потребен совет или, пак, некој кој ќе ве разбере, нема да погрешите доколку им се обратите на Рибите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.