Овој петок 13-ти ќе бидеме сведоци на „најморничавата“ полна месечина во изминативе неколку години. Оние кои се суеверни веќе знаат дека е навистина ретко да се види полна месечина на петок 13-ти.

Всушност, последент пат овој феномен бил забележан на 13 октомври 2000 година. Сигурно ќе сакате да сведочите на овој настан бидејќи наредниот е дури во 2049 година.

Септемвриската полна месечина е позната и како жетварска месечина. Односно, ова е полната месечина која е најблиску до 23 септември, есенската рамноденица. Ова е периодот кога обично почнува жетвата, па од таму и називот „жетварска“.

Месечината што ќе ја видиме во петок е позната и како микромесечина, бидејќи на небото ќе биде дури 14% помала од вообичаено. Причината за ова е тоа што овој период месечината е најоддалечена од Земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.