Овен

Работа: Сте направиле добра проценка и сега ги уживате придобивките од вашиот деловен труд, вложување и посветеност.

Љубов: Чувствувате потреба да го смените љубовниот статус. Со знак Стрелец ве очекува многу убава прилика за среќна врска.

Здравје: Проблеми со нозете.

 

Бик

Работа: Можете да очекувате помали потешкоти во работата, не паничете туку посветете се и смирено решете ги проблемите.

Љубов: Љубовната состојба ви е на некој начин блокирана.

Здравје: Проблеми со температура.

 

Близнаци

Работа: Со задоволство ги прифаќате новите работни обврски и спремни сте да искажете желба за унапредување.

Љубов: Неразбирањето кое се јавува меѓу вас и вашиот партнер може да ве донесе до прекин на врската.

Здравје: Потребен ви е одмор!

 

Рак

Работа: Доаѓа до некои мали промени кај вас. Кога е во прашање работата, можете да бидете спремни за големи пресврти.

Љубов: Не ви е лесно да направите компромис во односот со саканата личност.

Здравје: Помали проблеми со видот.

 

Лав

Работа: Можно е да имате помал конфликт на работното поле и нема да ви биде лесно за се да решите.

Љубов: Можна е голема дистанца меѓу вас и партнерот. Загрижени сте бидејќи вашата врска нема да се врати по старо.

Здравје: Проверете крвна слика.

 

Девица

Работа: Пред вас е период полн со работни предизвици. Важно е да се потрудите да поработите на концентрацијата.

Љубов: Можно е понекогаш да сте многу љубоморни, а тоа на партнерот му смета.

Здравје: Немате кондиција, променете навики.

 

Вага

Работа: Најдобро е ништо да не форсирате и на работното место да покажете трпение за некои работи да ви се разрешат.

Љубов: Доколку сакате да ви опстои врската мора да направите компромис со партнерот.

Здравје: Можни се проблеми со алергии.

 

Скопрпија

Работа: Не дозволувајте било кој да влијае на вашата работа. Важно е во наредниот период да ја слушате само вашата интуиција. Можно е да сте спремни за да бидете многу флексибилни.

Љубов: Вашата љубовна ситуација е многу комплицирана.

Здравје: Чувајте се од повреди, чувствителни сте.

 

Стрелец

Работа: Пред вас е ден во кои можете да имате помали штети на работа. Денеска немојте да влегувате во било какви инвестиции.

Љубов: Можно е постепено да се оддалечувате од вашиот партнер.

Здравје: Проблемите со алергии се поизразени.

 

Јарец

Работа: Можни се помали конфликти со вашите претпоставени, како и проблеми на работа. Генерално ова не е поволен ден за вас.

Љубов: Ни самите не сте сигурни што сакате и ви делува дека поради вашата неодлучност ќе го изгубите партнерот.

Здравје: Водете грижа за притисокот.

 

Водолија

Работа: Денеска не е поволен ден за вашиот работен план. Можно да имате многу проблеми на ова поле.

Љубов: Можно е да бидете на некој начин изненадени од реакцијата на партнерот и денеска нема да имате конфликти во врската.

Здравје: Поспани сте и многу исцрпени.

 

Риби

Работа: Ве очекува период во кој можно е некој намерно да ви даде погрешни информации

Љубов: Лесно може да се случи мала дистанца во вашиот однос со партнерот. Можно е тоа тешко да ви биде.

Здравје: Проблеми со забите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.