Во хороскопот често ги бараме најдобрите љубовници, најверните или најневерните знаци, но дали некогаш сте се запрашале кои се најгенијалните знаци на хороскопот?

Припадниците на овие знаци се чини дека знаат сè за сè, а понекогаш дури и забележуваат работи што на другите ќе им „избегаат“

Може да се сметате за генијалец ако припаѓате на еден од овие три знаци:

Јарец

Припадниците на овој знак поседуваат таканаречена практична енергија која ги тера сè на максимум, па така и на знаење. Имаат супер меморија која им овозможува да паметат и најбанални работи од кои немаат секогаш корист, а одлично го применуваат стекнатото знање и никогаш не го заборавааат она што веќе еднаш го совладале.

Водолија

Припадниците на овој знак се есктремно интелегентни, а тоа го докажува и тоа што меѓу нив има голем број истакнати генијалци. Одлично поминуваат на тестови за интелегенција, имаат поинаков талент и оргинален пристап на проблемите, како и голема концентрација. Тоа што се најинтелегентни ги прави и склони на емоционални слабости.

Близнаци

Припадниците на овој знак се многу умни, а за разлика од другите знаци нив ги карактеризира и брзината на размислување, како и бистрината со која доаѓаат до решавање на проблемите. Имаат одлична спосбност за учење и совладување нови работи, но тоа им користи само ако се способни да се посветат на нешто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.