Овен

Сметате дека постојат некои работи кои морате да ги разјасните со своите најбиски и нема да се откажете се додека не ја постигнете својата цел. Добро би било да излезете малку на прошетка бидејќи ако останете дома можни се караници. Сепак ќе има изненадување за кое всушност се надевате, а е поврзано со пари.

Бик

Можно е во текот на следните три дена да немате можност да дојдете до потребните информции за работа поврзана со вашите финансии. Во љубовта можете да очекувате многу интересни ситуации и некое ново познанство кое во вас ќе разбуди желба за романтика.

Близнаци

Ќе немате некои поголеми промени на финансиско поле. Се ќе се одвида како и досега, мирно и без стрес. Во љубовта можно е да ви пречи љубомората која ќе ја покаже партнерот. Инаку, неочекувано, ќе бидете пријатно изненадени од една ваша пријателка или пријател.

Рак

Пред вас се четири денови во кој ќе бидете многу активни. Цело време ќе преговарате за нешто поврзано со пари но и со некоја неостварена желба. Во љубовта нема назнаки за големи промени на полето за емоции.

Лав

Можно е да ви се пружи прилика за соработка со блиска личност, која би била многу поволна за вашата работа и раст на финансииите. Мометите че ви бидат исполнети во мисла токму за тоа. Во љубовта ќе бидете многу шармантни и привлчени за личностите од спротивниот пол.

Девица

Пријатно сте изненадени со позитивните промени кои сте ги воочиле во домот. Пред вас е добар период. Во љубовта ви одговара вниманието кое го добивате и ви се ближи почеток на врска со нова личност. Оние со семејество ги чека изненадување, а оние кои не се во врска- големо изненадување.

Вага

Можно е следниве три дена да им се посветите на ситните обврски кои требаше да ги завршите пред извесно време. Во љубовта покажете му на партнерот како се чувствате и кажете му дека ви е важно да го сочувате вашиот брак или врска.

Шкорпија

Време е да преземете контрола над својата работа и животот. Само вие можете да иницирате некои промени. Импулсивно реагирате и немате осет кога станува збор за љубовното поле. Време е да се одморите од мисли. Одете на одмор.

Стрелец

Можно е на некого да му дадете совети или помош, имате многу позитивни искуства во помагањето на другите. Односот со партнерот не е сјаен и не сте сосема задоволни од тоа. Претојат моменти на искушенија, но нема потреба од нервоза.

Јарец

Ве очекуваат многу напорни три денови во кој ќе имате многу обврски и сите тие ќе ви создаваат голема нервоза. Во љубовта ќе бидете позитивно изненадени од предлогот од страна на една интересна и шармантна личност.

Водолија

Следните 4 денови не се поволни за дружење. Изразено сте нервозни и депресијата не ве остава на раат. Прошетајте сами и разведрете ги мислите. Во љубовта ќе ви одговара флерт со една личност, но се уште не сте подготвени за нешто поконкретно.

Риби

Сами донесувате важни одлуки поврзани за семејството и се трудите никого да не оптеретувате со своите дилеми и проблеми. Тоа не е баш најдобро! Сепак побарајте мислење. Во љубовта ќе сакате да ги покажете сите чувства кон партнерот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.