Кога двајца од овие хороскопски знаци ќе бидат во врска,голема е веројатноста дека „ќе има искри“ на сите страни.

Рак и Јарец

Врската меѓу чувствителните Ракови и доминантните Јарци лесно може да ја изгуби својата магија, затоа што Раковите ќе чувствуваат дека Јарците ги игнорираат, а на Јарците ќе им пречи зависноста и чувствителноста на Раковите.

За да ја одржат врската треба да се посетат дека не се само партнери, туку и љубовници.

Лав и Водолија

Кога кралот Лав, ќе ја сретне уникатната Водолија, која не се поклонува пред ничиј авторитет ќе полетаат искри. Бунтовноста на Водолијата ќе го фасцинира Лавот, а Водолијата ќе се восхитува на неговата харизма.

Врската ќе опстане ако и двете страни се заинтересирани за повремено повлекување од друштвото.

Девица и Риби

Енергијата е фатална кога практичните Девици, кои сакаат ред и распоред,ќе влезат во животот на Рибите, кои пливаат низ животот за да избегаат од рутината. Девиците ќе им помогнат на Рибите во организацијата, а Рибите ќе им покажат на Девиците како да се опуштат.

Нивната врска ќе опстои само со прилагодливост од двете страни и со чести разговори.

Овен и Вага

Овните и Вагите уште при нивната прва средба ќе почувствуваат силна привлечност. Сепак, со тек на време ќе се јават проблеми, затоа што пристојното однесување и животот по правила ќе му одат на нерви на Овенот, а Вагата цело време ќе се труди да го „цивилизира“.

Бик и Скорпија

Кога сензуалните Бикови ќе се опуштат пред Скорпиите и ќе ја увидат нивната страст за животот, доаѓа до страсна врска. Но, сепак, конфликтите меѓу нив се неизбежни.

За да ја спасат врската ќе треба страста повремено да ја изнесат од дома и да ја насочат кон заедничко дружење со пријателите.

Близнаци и Стрелец

Освен физички, овие два знака се привлекуваат и ментално. Љубопитните Близнаци и филозофски настроените Стрелци лесно се фасцинираат и во состојба се со часови да разговараат за сѐ и сешто.

Сепак, проблемите настануваат кога Близнаците почнуваат да се нервираат поради ставот на Стрелците дека знаат сѐ, а на Стрелеците им пречи што Близнаците се површни и сакаат да разговараат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.