Март пристигна, а со него и знакот Риби. На некои знаци овој емотивен и сонувачки период нема да им одговара, додека на некои знаци ќе им донесе огнена љубов.
Ако сте во врска, не се грижете, тогаш работите ќе ви бидат подобри од било кога. Со доаѓањето на пролетта, ќе имате нови љубовни моменти, кои никогаш нема да може да ги заборавите.
Во продолжение прочитајте кои знаци на зодијакот ги очекуваат денови исполнети со љубов.

Овен
Кога станува збор за љубовта и промената на планот на истата, втората половина од месецот ќе ви ја донесе долгоочекуваната промена. Се впуштате во нови односи, ја барате вистинската личност, а секоја нова љубовна авантура досега ве разочарала. Токму кога ќе помислите дека ќе останете сами, ќе ја запознаете личноста која толку многу ќе ве импресионира што нема да знаете како да се носите со сите емоции кои наеднаш ќе ги почувствувате.

Стрелец
Ако сте во врска, без разлика дали е долгогодишна, или пак сте во брак, ова е вистински момент за вас. Ќе уживате во врската како на самиот почеток. Иако сте во долга врска, емоциите остануваат силни и привлечноста меѓу вас останува на високо ниво. Со партнерот сте подобри отколку било кога порано, така што можеби ќе бидете почестени и со романтично патување во кое ќе бидете сами и ќе може да ги прославите сите досегашни љубовни успеси.

Риби
Ако сте подготвени на авантура полна со љубов, без сомнеж Март е месецот кога треба да ја прифатите. Дали оваа авантура ќе биде краткотрајна или ќе се претвори во нешто посериозно, ќе откриете сами, но во секој случај, долго ќе се сеќавате на овој месец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.