ОВЕН

Работа: Прилично сте загрижени за вашата работа. Околностите во кои се наоѓате тргнале во неочекуван правец.

Љубов: Уживајте во новите случувања со саканата личност. Овој ден е поволен за љубов.

Здравје: Избегнувајте внес на алкохол.

БИК

Работа: Не е добар ден за нова работа. Многу работи ве оптоваруваат сега и можете да погрешите во новите одлуки.

Љубов: Саканиот не покажува дека е подготвен на нешто посериозно, но ни вие не сте.

Здравје: Можни проблеми со бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Забележувате промени во деловното опкружување што не ви одговараат. Следниот период ви носи предизвици.

Љубов: Влеговте во фаза на монотонија со личноста за која се грижите и не знаете како да ја промените.

Здравје: Грижете се за вашето здравје.

РАК

Работа: Пред вас е ден кога ќе имате понуди за работа. Подготвени сте да пробате нешто поинакво на ова поле.

Љубов: Доколку сте слободни, подготвени сте за љубовни авантури и нови познанства.

ЛАВ

Работа: Доколку се занимавате со приватен бизнис, следниот период би можел да ви донесе подобрување на заработката.

Љубов: Може да имате некои компликации кога станува збор за вашето емотивно поле.

Здравје: Грижете се за градите.

ДЕВИЦА

Работа: Обидете се да бидете трпеливи кога станува збор за вашето деловно поле. Ќе го имате тоа што го сакате за некое време.

Љубов: Променете го вашиот пристап во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа и ќе успеете да ја освоите.

Здравје: Посетете доктор!

ВАГА

Работа: Осигурајте се да се држите до некои побезбедни деловни инвестиции засега. Не е време за поголеми ризици на ова поле.

Љубов: Чувствувате нови проблеми во односите со саканата личност и тоа ве оптоварува.

Здравје: Чувствителни заби и непца.

ШКОРПИЈА

Работа: Работете понапорно на концентрацијата доколку сакате навреме да ги решавате деловните проблеми.

Љубов: Пред вас е можноста да создадете стабилна, искрена и поволна атмосфера со саканата личност.

Здравје: Денес ќе уживате во одморот.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Не треба да очекувате големи проблеми на ова поле. Вашата ситуација е прилично стабилна.

Љубов: Многу сте заљубени во нова личност која изгледа како олицетворение на идеален партнер.

Здравје: Имате многу позитивна енергија во себе.

ЈАРЕЦ

Работа: Можно е денеска да имате компликации на работа. Финансиите ви се особено нестабилни.

Љубов: Твојата осаменост почнува да те мачи. Не сте задоволни од околностите што ги имате на ова поле.

Здравје: Слушајте го советот на лекарот.

ВОДОЛИЈА

Работа: Имате тенденција да правите помали грешки на работа. Сепак, не треба да имате значителни последици.

Љубов: Можно е многу лесно да флертувате со личност која нема искрени намери кон вас.

Здравје: Вашето здравје е чувствително.

РИБИ

Работа: Ве очекува многу добра можност за работа. Ви претстои да започнете бизнис кој значително ќе ја подобри вашата заработка.

Љубов: Се двоумите помеѓу две личности кои ви ја будат љубопитноста.

Здравје: Проблеми со хормонална нерамнотежа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.