Астролозите откриваат кои се најважните аспекти на планетите во следната година и какво влијание ќе имаат тие.

Четири датуми кога Меркур ќе е ретрограден

Ретроградниот Меркур има најлоша репутација.Плановите пропаѓаат, договорите се откажуваат, сè излегува од контрола. Астролозите истакнуваат дека во овие периоди се чувствуваме како сè да се превртело наопаку. Работите што сме ги испланирале и мапирале во нашите глави можат да се свртат во сосема поинаква насока. Во 2023 година ќе има четири периоди кога ќе можете да ја обвините оваа мала и пргава планета за сите ваши неволји.

Од 29 декември 2022 до 18 јануари 2023 година во знакот Јарец – во новата година влегуваме со ретрограден Меркур, кој од нас очекува самодисциплина, цврстина и подготвеност да се справиме со тешките ситуации без паника. Бидете упорни и не попуштајте на провокации – може да ви бидат понудени лесни решенија за проблемите кои можат да се претворат во уште поголеми проблеми.

21 април – 14 мај во Бик – Родените под ова соѕвездие во овој период треба да бидат особено внимателни со парите и да не трошат непотребно набрзина. Исто така, важно е да бидете внимателни во романтичните врски, затоа направете баланс помеѓу умот и срцето, не дозволувајте

23 август – 15 септември во Девица – Крајот на летото и почетокот на есента ќе бидат означени со ретрограден Меркур во Девица. Важно е да бидете доследни на вашите цели и внимателно да размислите. Погледнете ги внимателно деталите и посветете време на ситниците. Размислете за секој чекор за да не ви пропаднат плановите.

13 декември 2023 година – 1 јануари 2024 година во огнениот знак на Стрелец – Бидејќи 2023 година започнува со ретрограден Меркур, таа исто така завршува. Прво, планетата на комуникацијата ќе се движи низ Стрелец, а потоа низ Јарец.

Четири затемнувања во 2023 година

Затемнување на Сонцето во Овен – 20 април – Можеби сте импулсивни, но ако примените знаење, бидете информирани и отворени, работите може да се подобрат.

Затемнување на Месечината во Скорпија – 5 мај – Сè што е тајно во овој период ќе биде активно и ќе излезе на виделина. Најверојатно, ќе ве обземат најизмешани чувства и неразумен копнеж. Слушајте ја вашата интуиција, но не ѝ верувајте целосно. Можеби таа ќе ви каже да ја ограничите комуникацијата со несигурен партнер кој си игра само со вашите чувства.

Затемнување на Сонцето во Вага – 14 октомври – Обидете се да не заглавите во животните дилеми и максимално да се опуштите. Баналниот одмор или малото средување на куќата и работата ќе ви помогнат да постигнете рамнотежа. Сè е на свое место!

Затемнување на Месечината во Бик – 28 октомври – Венера во знакот Бик ќе ве фаворизира и во љубовните и во финансиските работи – доколку постапите по повикот на срцето и внимавате на знаците кои ќе ви ги испрати потсвеста. Одличен момент за спортување, спа третмани и нови љубови.

Oстанати датуми:

Ретроградна Венера – од 23 јули до 4 септември 2023 година – Венера, планетата на љубовта и убавината, не е често ретроградна, таа се движи наназад само секоја година и пол. Но, во оваа состојба останува четириесет дена, што особено ќе влијае на љубовта и парите. Бидејќи Венера ги фаворизира романтичните и финансиските работи, нејзиниот ретрограден тек може да го попречи успехот во оваа област. Важно е да бидете фокусирани на решенија и да избегнувате илузии. Можете да ги избегнете сите предизвици ако направите добра стратегија и се активирате.

Спој на Јупитер и Венера – од 25 февруари до 8 март – Позитивен аспект кој носи прекрасна комбинација на две магични и среќни планети. Јупитер симболизира голема радост, а Венера е љубов која „чука на врата“. Кога Јупитер и Венера се во пар, очекувајте оптимистички вести и позитивни случувања во сите области од животот.

Марс во спротивност со Плутон – Спротивставувањето на овие планети ќе се случи во мај. Астролозите ја толкуваат битката меѓу двете завојувани планети дека сега е важно да се потсетиме на лекциите што сме ги научиле во минатото. Сè што може секој да направи на свое ниво е да се стреми кон свест и просперитет без да му наштети на никого.

Транзит на Јупитер од Овен во Бик на 16 мај – Планетата на благосостојбата и зајакнувањето ќе се движи во знакот Овен, силен и огнен знак. Тогаш Јупитер се преселува во Бик, што ја претставува врската на благосостојбата и просперитетот. Аспектот е поволен за подобрување на финансиската состојба, материјалното богатство, развој на кариерата и остварување сериозни романтични познанства. Во овој период важно е да внимавате на исхраната и да не претерувате со консумирање на калорична храна.

Сатурн во Риби – Дали знаевте дека Сатурн се движи најбавно од сите? Така, за прв пат по две и пол години ќе го промени својот знак, а од 7 март ќе влезе во соѕвездието Риби. Сатурн во оваа позиција може да ги открие сите тајни. Многу работи можат да излезат на површина, и иако вистината понекогаш е тешка, таа може да биде и лековита и да ја зголеми свесноста за нешто.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.