Доаѓа ретроградниот Меркур и сигурно е само едно- тој носи луд и чуден период.

Тој ќе трае од 5 до 28 март, а ќе биде обележан со неверојатни емотивни потреси и големи грешки. Ова е најомразената планета кај астролозите. Тие предупредуваат повеќе да им верувате на своите сетила и интуицијата. Слободно верувајте им на чувствата во стомакот, слушајте што ви говори телото, бидејќи во овој период многу работи доаѓаат од интуицијата.

Ова е добар период за самоанализа. Потрудете се да останете свесни и прашајте се дали доаѓа време за промена на начинот на живеење.

Овен

Со ретроградното движење на Меркур, Овните ќе се стават себеси пред тешки предизвици. Повеќе од било кога, ќе биде потребно да обрнете внимание на мислењето на другите луѓе. Сосема независните Овни сега ќе почнат да постапуваат во склад со туѓото мислење. Ќе бидете импулсивни и ќе донесувате брзи, но погрешни одлуки. Ќе имате и претерани реакции, а што е најлошо, Овните во овој период потполно ќе ги исклучат своите чувства.

Бик

Во овој период, Биковите воопшто нема да ги интересираат никакви граници, ниту пак ред. Тоа ќе им пречи во плановите кои внимателно ги спроведувале, а сега ќе се срушат како кула од карти. Некои од нив ќе ги занемарат сопствените принципи и вредностите кои ги негуваат. Ве советуваме пред секоја одлука да почекате барем 24 часа и внимателно да ги проверувате договорите кои треба да ги потпишете.

Близнаци

Близнаците ќе бидат најпогодени од влијанието на ретроградниот Меркур. Лесно ќе доаѓа до проблеми во комуникацијата, со патувањата или закажните лекарски прегледи. За вашиот знак најважно е да проверите се што слушате. Не се залетувајте и фокусирајте на тоа што ви го кажуваат другите. Нека не ве допираат трачевите од другите.

Рак

Во текот на овој период, Раковите ќе бидат претерано загрижени поради туѓите грижи и чувства, а своите свесно ќе ги игнорираат. Раковите ќе треба да се фокусираат на својата интуиција, која ќе им покаже дека нешто не е во ред и дали се во заблуда. Кога е фокусот на другите, немојте премногу да се оптоварувате со размислување за нив и преземање одговорност. Внимавајте.

Лав

Повеќе од било кога, Лавовите ќе посакаат да бидат во центарот на вниманието, да сјаат и да даруваат. Но, кога тие сакаат да направат гест, тоа мора да е нешто големо, а во текот на овој период лесно ќе доаѓа до големи последици. Исто така, нема да бидете сконцентрирани колку што е потребно, па ќе правите хаос во дневниот распоред и на крајот можеби и често нема да стигате. Големата самодоверба која ја имате во овој период може да ви направи голем проблем.

Девица

Меркур е владетел на Девицата, па родените во овој знак поинтензивно ќе ги почувстуваат неговите ефекти од останатите. Постојат 2 начини да го преживеете овој период без големи последици. Првиот е да почнете да ја гледате пошироката слика и да бидете внимателни со плановите. Вториот излез се однесува на тоа да не обрнувате внимание на долгите приказни и преиспитувања за нешто што не се случило, бидејќи така губите драгоцено време.

Вага

Ќе имате потреба другите да ве слушаат и да ги исполнуваат вашите желби. Во таа потреба лесно ќе се изгубите, бидејќи ќе обрнете внимание на нешто што не е толку важно, додека големите работи лесно ќе поминуваат покрај вас. Кога тоа ќе го сфатите, веројатно ќе биде доцна. Ретроградниот Меркур ќе ве кочи во сите акции кои сакате да ги преземете, а таа пасивност лесно би можела подоцна да ви донесе проблеми.

Шкорпија

Во овој период Шкорпиите ќе ги занемарат своите емоции и потполно ќе ги игнорираат сите граници и вредности кои им се важни на нивните блиски. Ќе бидете особено одмаздољубиви и таинствени, постојано ќе правите драма. Овој период за Шкорпиите е најважно да научат да се ослободат од емотивниот товар кој долго го носат во себе и конечно да почнат да живеат во сегашноста.

Стрелец

Овој период, Стрелците упорно ќе игнорираат важни детали кои се наоѓаат пред нивните очи, како и советите на другите, бидејќи ќе бидат убедени дека точно знаат што прават и дека само нивното мислење е исправно. Ќе бидете водени од интуицијата и внатрешниот глас, но бидете трпеливи и внимателно размислувајте бидејќи вашиот глас може да биде искривен. Чувајте се и од брзоплети заклучоци, можни се проблеми поради тоа.

Јарец

Време е конечно да се ослободите од мислењето дека целта ги оправдува средствата, бидејќи таквите постапки ќе „ви се удрат од глава“. Никогаш не ги напуштајте моралните начела кои долго ги имате, тие ве држат на вистинскиот пат. Од друга страна пак, претераното фокусирање на правилата и целите и игнорирањето на чувствата може да ги промени односите кои ви се вжани. Многу ваши блиски имаат чувство дека ги искористувате, а ако е навистина така, ве очекуваат многу грешки и проблеми.

Водолија

За Водолиите воопшто не е необично ако размислуваат како да се унапредат себеси и да си овозможат повеќе слобода. Тие најлесно почнуваат да се чувствуваат како во клопче, како нешто да ги задржува, а со ретроградниот Меркур тоа ќе биде поизразено. Поради тоа, можни се непромислени одлуки. Особено е важно да останат со студена глава и секоја одлука добро да ја размислат.

Риби

Рибите овој период ќе се свртат кон другите луѓе и ќе ги впијат нивните емоции, потреби, па и негативни реакции. Тоа ќе ги збуни и ќе ја загрози нивната способност рационално да расудуваат. Потребно е тие да се прилагодат на сопствениот дуг и чувства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.